Чивава и го спаси животот на 90-годишната сопственичка: Не била тренирана за вакво нешто, но знаела што да направи (видео)

Мини е вистинска мала хероина!

Ќе речеш куче е…

Чивава по име Мини го спасила животот на својата сопственичка кога видела дека е во опасност.

Кучето притиснало на медицинскиот уред кој бил во домот на жената, предупредувајќи ги лекарите дека нејзината 90-годишна сопственичка се гуши.

Џојс Гибс ненадејно почнала тешко да дише, а тоа ја вознемирило Мини.

Малото куче, кое не било тренирано за тоа, го притиснало медицинското алармирање на Џојс што го носела околу врат, а тоа испратило СОС порака до службите за итна помош.

„Мини никогаш не се качува на столчето кога мама седи на него. Мини сфатила дека и треба помош, па почнала да се обидува да и помогне. Не ни е јасно дали Мини знаеше што прави, дали беше случајност… Таа го спаси животот на мама, таа е нашиот мал херој“, вели Лин Гибс, ќерката на Џојс.

Џојс имала риновирус, од кој закрепнувањето трае до три недели, но по четири дена била пуштена од болница.

@7newsadelaideA clever Chihuahua cross named Minnie was quick to act when her 90-year-old owner, a Kingston SE great-grandmother was struggling to breathe. #Dog #SouthAustralia #7NEWS

♬ original sound – 7NEWSAdelaide

Откако нејзината мајка се вратила од болница, Лин вели дека нејзиниот четириножен придружник не ја напуштил ниту на момент.

„Мини е добра пријателка од првиот ден кога ја добив. Таа е најдоброто куче“, изјави Џојс.

Оваа ситуација послужи и како потсетник за Џојс дека секогаш треб да го носи околу вратот својот уред за медицинско предупредување.

„Медицинското предупредување е многу важно за старите луѓе, но многумина не сакаат да ги носат. Ги оставаат на шкаф или маса, но навистина некогаш се важни секунди за да се спаси живот“, заклучува Лин, пренесува „7NEWS“.

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.