„Чудо е како останав жив, лежев во локва крв“: Вељко Ражнатовиќ раскажа за тешката сообраќајна несреќа која ја доживеал!

Страшно...

Вељко Ражнатовиќ ја раскажал за страшната сообраќајна несреќа која како дете ја доживеал во Кипар.

Сообраќајната несреќа се случила непосредно пред тргнувањето на училиште, кога имал само 14 години.

„Паднав од мотор на Кипар пред да тргнам на училиште. Првите шест месеци од училиштето бев инвалид, само гледав како ќе ја активирам раката. Имав 80 метални хефталици на рамото“ – рекол Вељко.

Тој истакнал дека не знае како ја преживеал несреќата…

„Кумот и јас паднавме од мотор, мене ме удри „Ланд Ровер“ во глава, браникот ме исече и ми направи сериозна рана на само 2 милиметри од главната вена. Чудно е како останав жив, имав 14 години“.

Повредите со кои се здобил биле страшни…

„Ми падна дел од увото, па го сошија назад. Ниту денеска не го чуствувам тој дел од глвата. Бев во несвест, се сеќавам дека се разбудив во локва крв на подот. Почнав брзо да губам свест во итна помош, следно што се сеќавам е дека се разбудив опериран“ – раскажал Вељко во шоуто кое оди на Блиц Тв.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.