Македонската банкарска и бизнис-елита се собра на одбележувањето на КаСис – 15 години е-трговијата

Во просториите на Едукативниот центар М6, КаСис АД Скопје, единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, одбележа 15 години развој и иновации во системот за е-трговија.

Во ноември 2007 година беше реализирана првата трансакција со платежна картичка во  е-продавница на системот за електронска трговија cPay на КаСис. Во 15-те години по првата екомерц трансакција КаСис изгради долготрајното партнерство со три банки, 2 финансиски друштва, 1100 е-трговци, а резултатот се над 5.500.000 трансакции.

На настанот присуствуваа пионерите во доменот на е-трговијата, претставници на Телеком, А1, Дајнерс Клуб, Кроација, Македонска банкарска асоцијација, Македонска асоцијација за е-трговија, Комерцијална банка, НЛБ, Стопанска Банка, Уни Банка, финансиски друштва, компании со најуспешните е-продавници итн.

Присутните ги поздрави Филомена Пљаковска-Аспровска , претседателка на Управниот одбор и главна извршна директорка на КаСис АД Скопје, која се осврна на постигнувањата на компанијата особено во доменот на едукација на граѓаните за користење на електронските платежни канали, иновациите кои КаСис секогаш ги носи на македонскиот пазар и безбедноста на трансакциите како врвен приоритет.

Пред 15 години си поставивме цел да ги едуцираме корисниците, да изградиме доверба и сигурност за онлајн купување и слободно и масовно користење на картичките во е-трговијата. Довербата во картичката како инструмент за плаќање беше и се уште е главен императив во промовирање на секој нов сервис и иновација.

Најважно е купувачите и имателите на картички да се чувствуваат сигурни при оставање на своите податоци и податоците за своите картички во интернет просторот ослободени од мислата за можна злоупотреба. Од самиот старт па до денес, безбедноста ни е приоритет со кој никогаш не правиме компромиси.

Платформата за е-трговија е сертифицирана за актуелните безбедносни протоколи за автентикација, 3DS 1.0 а во моментот и со најновиот 3DS 2.0. – рече Пљаковска Аспровска во своето обраќање.

Во рамки на официјалниот дел од настанот свое обраќање имаа и Маја Стевкова Штериева претседателка на Македонската Банкарска Асоцијација, главна финансиски директорка и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, извршниот директор на Дајнерс Клуб, Божидар Јанковски, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев и претседателката на македонската асоцијација за е-трговија Нина Ангеловска, кои ја истакнаа важноста на е-трговијата за банките, компаниите  и генерално за економијата како и значајната улога на КаСис во промоција и развој на е-трговијата.

Директорката Пљаковска Аспровска посебно се заблагодари на сите вработени на КаСис за придонесот кон успесите на компанијата и ја најави новата платформа која ќе поттикне понатамошен развој на индустријата.

15 години е убава бројка, вредна за прослава, но не би биле КаСис ако веќе не гледаме кон иднината и ги антиципираме промените и новите потреби што ќе дојдат. Заедно со колегите од Даис софтвер, работиме на новата и најсовремена платформа за електронска трговија која очекуваме да биде во функција до крајот на годината.

Развиена во најнови технологии истата ќе овозможи развој на нови функционалности и пресретнување на потребите на пазарот, подобрено корисничко искуство и флексибилност за нови иновативни решенија и бизнис модели. Сакам да ви ветам дека ќе ги следиме трендовите, секогаш ќе бидеме чекор пред времето, спремни да понудиме дополнителна вредност. Касис ќе остане вашиот стабилен, сигурен и безбеден партнер во доменот на е трговијата и електронските плаќања – рече таа.

Освен 15 години е-трговија, годинава се одбележуваат и две децении постоење и успешна работа на КаСис АД Скопје како единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички.

Тексти фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.