Анастасија откри што прави Немања Гудељ во Атина по изгубениот натпревар и промашениот пенал: Незадоволството и понатаму е присутно! (ФОТО)

Не му е многу тешко...

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ пред два дена го бодреше својот верник, фудбалерот Немања Гудељ на натпреварот против Манчестер сити, од кого на крајот изгубија.

Друштво на трибините и правеле мајка и Цеца и тетката Лидија, кои сјајно си поминувале на трибините, од каде Цеца објави и интерсна снимка.

Манчестер сити го освои Суперкупот на Европа со победа против Севиља, по серијата од возбудливите пенали, кој еден го шутирал токму Немања. Сепак, среќата не го послужила, па промашил и ја погодил пречката.

По тешкиот момент, Анастасија јавно го поддржа со емотивна порака…

„Некогаш ќе победиме, некогаш ќе изгубиме, но секогаш се држиме заедно и ти си секогаш сјајен. Фудбал… Некогаш е вака, некогаш онака.

Ова е само причина да одиме понатаму појјако, најјако. Ти си засекогаш наш шампион, кој секогаш го остава срцето на терен. Те сакам, Немања“ – напишала Анастасија на Инстаграм.

Тие двајца после натпреварот продолжија да уживаат во главниот град на Грција, каде и се одигра натпреварот, па Ражнатовиќ објави фотка од еден ресторан каде заминале на ручек.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.