Актерот Алек Болдвин откри кој бил виновен за убиството на камерманката Хелена!

Тој упорно тврди дека не е виновен!

Фото: Инстаграм

Познатиот актер Алек Болдвин и понатаму вели дека не е виновен за смртта на снимателката Халина Хачинс.

Шеесетитригодиншниот актер поднесе барање за арбитража тврдејќи дека неговиот договор го штити од финансиска одговорност за смртта на камерманката, која беше застрелана среде снимање на нискобуџетен вестерн во Ново Мексико минатиот октомври.

Во документите тој потенцира дека настаните што доведоа до трагедијата немаат никаква врска со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Во судските документи до кои дојде „Ентертејнмент тунајт“ стои: „Ова е редок случај кога системот паѓа и некој треба да биде прогласен за правно виновен за трагичните последици. Тоа лице не е Алек Болдвин“.

Семејството на загинатата Хачинс неодамна поднесе тужба против Болдвин другите продуценти на Rust, тврдејќи дека одговорните не се придржувале кон правилата за безбедност при снимање. Но, Болдвин негира дека бил невнимателен на сетот, откако претходно негираше дека го повлекол орозот на пиштолот. Тој вината ја префли на оружарката Хана Гутиерез-Рид и помошникот режисер Дејв Холс кој му кажал дека оружјето нема вистински куршуми, а го спомна и Сет Кени, кој ја набавил муницијата за филмот.

„Во овој момент, две работи се јасни: Некој е виновен што донел жива муниција што доведе до оваа ужасна трагедија, а тоа е некој друг, а не Болдвин,“ се наведува во барањето за арбитража.

„Болдвин е актер. Тој не тврдел дека пиштолот е „ладен“ кога всушност содржел жив куршум; тој не го наполнил пиштолот; тој не ги проверувал куршумите во пиштолот; тој не ги купил куршумите; тој не ги направил куршумите и не тврдел дека се безопасни; тој не бил задолжен за безбедноста на огненото оружје на сетот; тој не ги ангажирал луѓето што ги снабдувале куршумите или го проверувале пиштолот; и немал никаква улога во управувањето со реквизитите на филмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.