Совети кои ќе ви помогнат да се откажете од пушењето!

Откажувањето од цигарите е тешко, но вреди да пробате!

Откажувањето од цигарите не е воопшто лесно, но тоа е изводливо и штом еднаш ќе успеете, ви носи голем број на придобивки. Вкусот на храната наеднаш станува поинтензивен, почнувате полесно да се качувате по скали бидејќи имате доволно здив, и за крај имате гардероба што не мириса на тутун.

Пред да ја изгаснете последната цигара, важно е да се подготвите за тоа, не значи дека треба само да чекате да дојде тој поволен ден, бидејќи тоа нема да се случи. Потребна е подготовка, еве што треба да направите:

  • Изберете датум за откажување и означете го во вашиот календар.
  • Кажете го датумот на вашето семејство и пријатели.
  • Ослободете се од сите цигари и пепелници што ги имате дома.
  • Чувајте во близина гуми за џвакање без шеќер, бонбони…
  • Размислете дали ќе користите никотинска терапија или други лекови, дали ќе одите во групи за поддршка… И, ако сакате, пријавете се.
  • Повторете ја фразата: „Не, благодарам, не пушам“. Тоа е начин да ја консолидирате вашата нова ситуација.
  • Замолете го вашето семејство и пријателите кои пушат да не пушат околу вас и да остават цигари каде што можете да ги видите.
  • Прегледајте ги вашите минати обиди да се откажете од пушењето и утврдете што функционирало, а што не.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.