Три моќни природни напивки што се смрт за холестеролот: Го штитат срцето и крвните садови, го прочистуваат насобраниот плак!

Здрави напивки

Ако имате висок холестерол, експертите препорачуваат редовно да ги пиете овие три напивки

Ако имате висок холестерол или ако сте изложени на ризик за развој од оваа состојба, би требало да знаете дека не е само храната важна за подобрување на здравјето. Луѓето пречесто се фокусираат на она што го јадат за да го снижат холестеролот, но и тоа што го пиете може да влијае врз нивото на холестеролот.

Постојат неколку напивки што би требало да ги консумирате, доколку имате висок холестерол или сакате да го одржувате стабилен.

Зелен чај

Зелениот чај потекнува од билката Camellia sinensis, која обезбедува снижување на холестеролот и има бројни други придобивки за здравјето на срцето. Предностите на чајот му се припишуваат на изобилието на флавоноиди, кои се природни растителни соединенија што можат да помогнат во намалувањето на холестеролот и да го подобрат здравјето на крвните садови.

Истражување објавено во Advances in Nutrition ги проценило резултатите од 37 претходно објавени истражувања и објавило дека учесниците во истражувањето кои пиеле 2 до 3 шолји зелен чај дневно го намалиле ризикот од срцеви болести за околу 8 до 12 отсто, во споредба со оние што не го пиеле чајот.

Сок од калинка

Покрај со полифеноли, калинката е богата со флавоноиди, лигнани и тритерпени. Многу од овие соединенија се антиоксиданси кои помагаат во снижувањето на штетните нивоа на холестерол. Постојат бројни објавени истражувања што покажуваат дека 100% сок од калинка го подобрува здравјето на срцето. Сокот од калинка може да помогне во намалувањето на холестеролот, така што го забавува насобирањето плак во артериите.

Црвено вино

Црвеното вино во умерени количини (една чаша дневно за жени, две чаши дневно за мажи) одамна е познато дека е здраво за срцето. Еден од начините на кои црвеното вино го подобрува здравјето на срцето е така што го зголемува нивото на корисен ХДЛ холестерол и го снижува нивото на штетниот ЛДЛ холестерол.

Истражувањата поврзуваат неколку биоактивни соединенија во црвеното вино со неговите предности за снижување на холестеролот, вклучувајќи ги ресвератрол, катехин, епикатехин, кверцетин и антоцијанин. Секогаш имајте на ум дека ако не пиете вино, не е препорачливо да почнете да го пиете за да го подобрите холестеролот. Кога станува збор за алкохолот, „повеќе“ не е подобро.

Совет од нутриционисти: Ова се најголемите заблуди за холестеролот, а еве и која храна е спасот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.