Строго одбегнувајте ја оваа храна: Експертите предупредуваат дека може да доведе до рак на панкреасот!

Фактори на ризик

Како да ги препознаете симптомите на рак на панкреасот и која храна треба да ја одбегнувате

Болестите на панкреасот се сè позачестени, а ракот на панкреас се појавува кога нормалните клетки мутираат во абнормални и растат надвор од контрола. Панкреасот произведува хормони и течности што му помагаат на телото да ја вари храната. Ракот на панкреас е четвртата водечка причина за смрт од рак во Соединетите Држави.

Специфично е тоа што многу тешко може да се препознаат симптомите, а потешките симптоми се појавуваат дури откако ракот ќе се развие или ќе метастазира.

Докторите предупредуваат на најчестите фактори што можат да доведат до рак на панкреас.

„Карциномот на панкреас е во постојан пораст секаде во светот. Практичната болка во грбот е водечкиот симптом на карцином на панкреас кога тој е локализиран во средниот дел од панкреасот. Симптомите на овој тип рак зависат од тоа каде е лоциран.“

Рак на панкреас најчесто се појавува кај постари луѓе, но има сè повеќе случаи во кои е забележан и кај помладата популација.

„Карциномот на панкреас во принцип е болест на постарата животна доба, но во последно време многу често се среќава и кај помлади луѓе. Типичниот пациент што боледува од карцином на панкреас треба да има околу 70 години. Но 20 отсто од заболените имаат помалку од 60 години“, истакнуваат докторите.

Фактори на ризик за појава на рак на панкреас:
  • генетика
  • пушење
  • пасивно пушење
  • алкохол
  • изложеност на радон
  • исхрана богата со масти
  • вишок килограми
  • нитрозиани во храната
  • хроничен панкреатитис
  • дијабетес
  • цироза на црниот дроб

„Дефинитивно е докажано дека вишокот килограми и зголемената телесна тежина придонесуваат и го зголемуваат ризикот од појава на карцином на панкреас. Докажано е дека присуството на масни клетки во панкреасот може да доведе до промена на тој епител и да доведе до појава на предканцерогени лезии.“

Храна што би требало да се одбегнува

„Присуството на нитрити во исхраната, кои најчесто се користат како конзерванс, е голем проблем. Нитритите во организмот се трансформираат во нитрозамини кои се можеби најспецифичниот од сите фактори за појава на карцином на панкреас. Тие предизвикуваат и други карциноми, но најкарактеристични се за рак на панкреасот. Па така, секој треба да одбегнува конзервирана храна“, објаснил докторот.

Нема рани симптоми

„За жал, болеста нема рани симптоми. Кога ќе се појават симптоми, болеста обично веќе се развила. Пациентот забележува дека му пожолтеле очите, кожата, слузокожата или можеби почувствувал неподнослив јадеж. Карактеристично за ваквата жолтица е тоа што урината станува темна, а столицата станува светла до бела“, истакнуваат докторите.

Овие намирници го уништуваат панкреасот: Под итно исфрлете ги од исхраната!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More