Најлековитата билка на светот кај нас расте како коров: Еве како се користи за лекување и зајакнување на телото

Природен лек

Глогот е толку лековита билка што постои и легенда дека токму Христовата круна од трње била направена од неа

Со векови глогот се користел за лекување луѓе и животни, а толку бил моќен што бил вклучен и во магиски ритуали.

Имено, постои верување дека Христовиот венец, односно круната од трње, бил направен токму од глог, бидејќи само со оваа билка може да им се застане на патот на вампирите.

Во секој случај, вистина е дека плодот содржи низа здравствени придобивки, па со право го носи епитетот „најлековитата билка на светот“.

Глогот е спас за срцето

Во хомеопатските книги пишува дека глогот е вреден како лек за срцето, односно дека тинктурата од него е исклучително добра за спречување инфаркт.

Оваа билка се користи за одржување на здравјето на крвниот систем, за висок притисок, за зајакнување на срцевиот мускул и за срцева аритмија. Се препорачува по срцев удар, бидејќи ја зголемува проодноста на коронарните крвни садови.

Ја поттикнува активноста и ја подобрува исхраната на клетките на срцевиот мускул. Генерално, секој човек над 50 години би требало повремено да зема тинктура од глог.

Освен за срцеви проблеми, глогот помага и за други здравствени проблеми како што се:

1. Замор, недостиг од енергија, лош сон, потешкотии со дишењето, вртоглавица, срцебиење, нервоза, шум во ушите.

2. Глогот е билка која има најсилно смирувачко дејство.

3. Помага во менопауза.

4. Помага за слабеење, бидејќи го исфрла вишокот вода од организмот.

5. Го зајакнува сврзното ткиво на зглобовите.

6. Ги смирува дигестивните проблеми.

Плодовите од глог се берат наесен кога се интензивно црвени. Потоа, плодовите се сушат, но можете да ги сомелете, а потоа да ги исушите и да ги користите за чај.

Како се приготвува чај од глог?

Едно лажиче иситнет плод од глог се прелева со 150 мл зовриена вода, садот се поклопува, се остава да отстои 15-30 минути, се процедува и се пие три пати дневно.

Овој чај треба да го пијат луѓе кои чувствуваат притисок и гушење во пределот на срцето, како превенција за покачен крвен притисок, како и за поблаги облици на слабо срце по прележани инфективни болести.

Чајот никако не смеат да го пијат деца помали од 12 години, трудници и доилки.

Билки што спречуваат инфаркт
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More