Дали страдате од ПРОЛЕТЕН УМОР?

Како да си помогнеме?

Со првите сончеви денови и порастот на температурите постојано ни се спие, деконцентрирани сме, премалени, нѐ боли главата, имаме срцебиење.

При порастот на надворешната температура доаѓа до ширење на крвните садови, се намалува периферниот отпор, а резултат на сето тоа е пад на артерискиот притисок, кој е еден од главните предизвикувачи на сонливост.

Потоа, иако деновите се за нијанса подолги, и понатаму сме принудени многу време да поминуваме во простории со вештачко осветлување и сув воздух, поради што пролетниот умор е поизразен.

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕМЕ?

Тежината на облеката што ја носиме игра огромна улога. Овие денови среќаваме луѓе во маици со куси ракави, но има и такви што уште не ги складирале топлите јакни. Многу е важно облеката да се приспособи на временските услови.

Со пролетта се појавуваат и алергии, од кои страдаат голем број луѓе. Тие умеат да бидат многу интензивни и исцрпувачки за човечкиот организам. Важно е да го посетите својот лекар за да ви пропише адекватна терапија и со тоа да ви овозможи нормално функционирање.

Сите знаеме дека сонцето е извор на живот. Меѓутоа, бидете внимателни. Директното изложување на сонце не треба да биде подолго од половина час, што е сосема доволно време за организмот да создаде доволно количество витамин Д.

По зимата и калоричната и мрсна храна се препорачува постепено да се преминува на медитерански начин на исхрана (идеална за секоја доба од годината). Изберете немрсни сирења, јадете риба барем еднаш-двапати неделно.

Пазарите се преполни со зеленчук, правете салати. Кошница полна цитруси – тоа е она што ви треба! И, секако, не заборавајте ги супите, како незаобиколен оброк што ја враќа енергијата.

Денот почнете го со течност. Билен чај со лимон е одличен избор.

Доколку овие денови страдате од несоница, шолја чај од липа, нане или лаванда пред спиење сигурно ќе ве опушти и смири. За главоболка изберете ѓумбир (како чај или зачин во јадењето). Препорачлива е и златна мака, можеби помалку позната кај нас, која ја засилува отпорноста на болести, го нормализира функционирањето на човечкиот организам и го поттикнува физичкото и менталното здравје.

На крајот, престојувајте во природа, особено во прекрасните шуми, кои со богатството хлорофил имаат волшебно дејство на организмот. И шетајте што повеќе заради добра циркулација.

Доколку забележите посериозни тегоби, одете на лекар. Во обѕир доаѓа и алтернативната медицина, но сепак по консултација со лекар.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.