Автоимуната болест од која страда сопругата на Вил Смит погодува сè повеќе луѓе: Оваа група е изложена на посебен ризик!

Еве што е алопеција

Дознајте кои се најраните симптоми на оваа болест и кој е главниот причинител

Сопругата на Вил Смит пред неколку месеци откри дека страда од алопеција, автоимуна болест, која е сè почест проблем кај голем број луѓе.

Алопецијата плаши многумина, но како да ја препознаете навреме и кои се симптомите? Има ли последици од алопецијата и како се лекува?

Еве што точно е оваа болест, кои се симптомите и која група на луѓе е изложена на најголем ризик:

Иако се чини страшно кога наутро на перницата ќе пронајдете еден куп коса и тоа воопшто не е пријатно, сепак не е нерешлив проблем. Постојат многу начини да се лекува алопецијата.

Кај жените, таа настанува ненадејно, но речиси секогаш така и се повлекува. Ако внесувате доволно витамини и минерали во организмот, често ја контролирате крвната слика и внимавате на изборот на препарати за нега, можете ефикасно и брзо да ја победите алопецијата.

Ќе се обидеме да ви го доближиме поимот алопеција, како и сите работи што таа ги носи со себе. Ќе ве запознаеме со причините и симптомите на алопеција, за да одберете соодветен третман и да го решите овој проблем.

Што е алопеција?

Алопеција е поим што се поврзува со појавата на опаѓање коса. Нормално е вашата коса да губи 50-100 влакна дневно, меѓутоа, ако вашата коса губи многу повеќе влакна од вообичаено, можно е да имате медицински проблем на зголемено опаѓање коса.

Косата може засилено да опаѓа од многу причини, како што се хормонски дисбаланс (бременост, опаѓање на косата по породување, пубертет или менопауза) или сезонско опаѓање, меѓутоа ако не спаѓате во овие категории, постои голема веројатност дека страдате од алопеција.

Алопеција е медицински израз, кој потекнува од грчкиот збор „алопекиа“, што значи кожно заболување или шуга. Ја претставува најчестата автоимуна болест (кога нашиот имунолошки систем ги напаѓа сопствените ткива), почеста дури и од дијабетес, хроничен тироидитис или ревматичен артритис.

Причини за алопеција

Алопеција аерата е автоимуна болест која погодува лица од двата пола и на која било возраст, па неретко може да се појави и кај деца. Алопеција аерата се појавува кога вашиот имунолошки систем ги препознава фоликулите на косата како страно тело и почнува да се брани отфрлајќи ги. Овој специфичен облик на автоимуно заболување може да се наследи од двата родитела.

Тоа е она што генетичарите го нарекуваат „комплексна полигена болест“, што значи дека настанува поради интеракција помеѓу повеќе гени, наспроти мутација во еден ген. Повеќе од 17 гени се поврзани со алопеција ареата и научниците очекуваат дека допрва ќе бидат откриени уште такви гени.

Иако нашите гени се веќе одредени од раѓање, алопеција ареата има тенденција да се појави и да исчезне, особено во раните стадиуми. Ова сознание нè доведува до заклучокот дека нешто од надворешната средина може да биде поттик за појава на алопеција ареата.

Многу доктори и научници го делат мислењето дека поттик за појава на алопеција ареата е стресот, меѓутоа сигурно е дека стресот речиси секогаш се појавува како последица на оваа состојба.

Вил Смит по инцидентот на „оскарите“: „Кога си највисоко на врвот, ѓаволот доаѓа по тебе“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.