Роб Лоу (58) 20 години се придржува до оваа исхрана: Познат е како актерот што не старее!

Вистински совет

Роб Лоу е актер што во Холивуд е познат по младешкиот изглед

Пред 20 години, Роб Лоу одлучил да ја промени исхраната.

„Порано или подоцна, сите стигнуваат до точката кога сфаќаат дека не можат повеќе да јадат како во факултетските денови. Тогаш не бев свесен дека сум направил нешто радикално, но тоа дефинитивно ми го промени животот“, вака Роб Лоу ја започнува својата приказна за магазинот „Пипл“.

Актерот одлучил да јаде малку јаглехидрати и останал фокусиран на таквата исхрана речиси 20 години. Тој јаде немасно месо и риба, многу овошје и зеленчук. Таквиот начин на исхрана многу му годи, па последниве неколку години ја промовирал и Аткинсоновата диета со висока содржина на протеини и малку јаглехидрати.

„Ваквиот начин на исхрана ми дава многу повеќе енергија во текот на денот. Не сум уморен по оброкот, концентриран сум и можам посилно да тренирам. Исто така, повит сум иако не сум на диета, туку само се придржувам до овој план на исхрана“, рекол тој.

Роб Лоу е татко на две деца, кои обожаваат благо и актерот вели дека често го дели омилениот десерт со нив.

„Обожавам пица, чизбургер, сладолед и слично. Животот без тоа не е вреден за живеење. Треба да се најде баланс и да се јаде сé, но умерено. Има денови кога имате силна волја да јадете само здраво. Додека има и денови кога не можете да му одолеете на сладоледот и на чипсот и тоа е во ред“, рекол актерот.

Сé додека практикувате колку-толку здрава храна, а одбегнувате нездрава – ќе бидете добро!

„Мора да се грижиме за себе, да бидеме дисциплинирани. Мораме доволно да спиеме, да вежбаме и да јадеме здрава храна. Не се гледам себеси како професионален спортист, но ако не си легнам да спијам навреме, не можам да очекувам дека ќе бидам полн со енергија утредента – едноставно е!“, заклучил актерот.

Барби-диетата моментално е најголемиот хит во светот: Со овој начин на исхрана се губат и до 4 кг за една недела!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.