Овие овошја и зеленчуци се најлоши за здравјето: Ќе се шокирате!

Прават поголема штета одошто корист?!

Умереноста е клучот за сè

Овошјето и зеленчукот имаат големи придобивки за здравјето, па експертите препорачуваат тие да бидат задолжителен дел од вашата секојдневна исхрана, особено кога станува збор за свежо и непреработено овошје и зеленчук.

Сепак, денес тие придобивки се намалени поради разните процеси на обработка и користењето хемикалии, а кога ги јадеме повеќе одошто е препорачано, тогаш прават поголема штета отколку корист. Веројатно ќе се изненадите кога ќе видите што сè е на списокот…

1. Ананас

Зошто е лош: Содржи 16,2 г шеќер во 200 г овошје

Преполн е со шеќер и затоа e лош избор за секого, а особено за дијабетичари и за луѓе со инсулинска резистенција. Ако се претерува, неповолно влијае и врз килограмите.

2. Пченка (и пуканки)

Зошто е лоша: Најчесто е генетски модифицирана

Омилената летна ужина, за жал, денес најчесто се добива од генетски модифицирано семе. Купувањето пуканки во кеса е уште полош избор, бидејќи се полни со шеќери, преработени сирупи и други штетни додатоци.

3. Вишни

Зошто се лоши: Содржат 17 г шеќер во 130 г овошје

Иако можеби не ви изгледаат така, бидејќи имаат киселкав вкус, вишните всушност се преполни со шеќер.

4. Кокос (неговото масло, шеќер и вода)

Зошто е лош: Преполн е со заситени масти, шеќери и калории.

Луѓето што страдаат од висок холестерол или срцеви болести воопшто не би смееле да консумираат кокос и негови производи.

5. Калинка

Зошто е лош: Содржи дури 39 г шеќер во 150 г овошје.

Ова овошје некои го викаат и природно чоколадо.

6. Манго

Зошто е лошо: Содржи 23 г шеќер во 165 г.

Познатото тропско овошје исто така е ризница на непотребен шеќер.

7. Компир

Зошто е лош: Еден компир со просечна големина содржи дури 36 г јаглехидрати.

Омилениот зеленчук од нашите простори треба да се јаде умерено, бидејќи нема потреба телото да се натрупува со скроб.

8. Банани

Зошто се лоши: Преполни се со скроб.

Ако сакате да ослабите, бананите никако не се добар избор. Консумирајте ги умерено.

9. Смокви

Зошто се лоши: Во 150 г смокви има 16 г шеќер

Иако ова сочно овошје е одлично за снижување притисок и изобилува со корисни влакна, исто така е преполно со шеќер, па не смее да се претерува.

10. Лубеница

Зошто е лоша: Лубеницата е ризница на фруктоза.

Освежувачка резанка ладна лубеница многу помалку би ви годела кога би знаеле колку шеќер има во неа.

11. Прокељ

Зошто е лош: Предизвикува подуеност и гасови.

Ако се мачите со подуеност и со гасови, исфрлете го прокељот од исхраната.

12. Модар патлиџан

Зошто е лош: Впива многу сол и маснотии.

Модриот патлиџан го користат како алтернатива за месо, но проблемот е во тоа што тој впива калории и соли во себе како сунѓер, а вие потоа тоа го внесувате во организмот. Ако зборуваме за замена за месо, печурките се многу подобра опција.

13. Кромид

Зошто е лош: Може да предизвика проблеми со варењето.

Не постои јадење од нашите простори во кое нема барем малку кромид. Сепак, ни со него не треба да се претерува, бидејќи може да предизвика дигестивни проблеми.

Напомена: Не треба да исфрлат од исхраната сите наведени намирници. И понатаму треба да ги користите, но поумерено, додека овошјето преполно со шеќер треба или да го исфрлите или да го сведете на минимум.

8 видови овошје што го зајакнуваат имунитетот до максимум: Победете ги болестите на природен начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.