Како се храни Роџер Федерер? Никој не може да поверува дека најзгодниот тенисер ги јаде ОВИЕ намирници

Дознајте

Роџер Федерер се храни на неверојатен начин, а важи за еден од најзгодните тенисери

Тениската суперѕвезда Роџер Федерер има 42 години, а изгледа како 20-годишен младич, благодарение на спортот и посебниот режим на исхрана.

Добро познато е дека Федерер претпочита да го започне денот со сладок појадок, кој се состои од домашни вафли со компот од свежо овошје, заедно со чаша свеж сок или кафе.

Опседнат е со сирење, особено со фонду – топено сирење што се јаде така што во него се потопува леб или зеленчук.

Федерер, исто така, е голем љубител на индиска, јапонска и италијанска храна. Многу често јаде традиционален индиски наан и кари, дури и на турнирите. Во интервју од 2017 година изјавил дека не може да им одолее на десертите, како сладолед и чоколадо. Тоа не е најздрава храна, но ја јаде умерено за време на натпреварите.

За време на тренинзите, Федерер јаде банани, додека пред секој натпревар има традиција да јаде тестенини со лесен сос, и тоа го прави веќе 20 години.

Иако здравата храна е императив за него, понекој „грешен“ десерт не може да предизвика голем проблем. Федерер обожава чоколадо и сладолед. Тоа се неговите слабости и не се кае кога ќе посегне по голема кутија сладолед.

Најбогатиот тенисер на светот не го интересираат скапи јахти: Роџер и Мирка Федерер летуваат како Југословени во 1980-тите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.