Еве што се случува со нашето тело кога ќе престанеме да внесуваме шеќер: Оваа шокантна вистина ќе ве зачуди!

Размислете пред да го исфрлите шеќерот од исхраната

Неочекувана вистина за тоа што всушност се случува со нашиот организам кога ќе го исфрлиме шеќерот од употреба

Шеќерот честопати е првото нешто што сакаме да го исфрлиме од исхраната кога почнуваме да се храниме здраво. Но, всушност, постојат и добри шеќери, како што е шеќерната трска или оние што се содржат во овошјето и зеленчукот, а кои можат да понудат многу придобивки за здравјето и изгледот. Кога се консумираат во умерени количини, добрите шеќери можат да ги задоволат потребите на сладокусците, да ги смират нервите, можеби дури и да го спречат дебелеењето.

Можете да јадете умерена количина на шеќер секој ден без грижа на совест, додека последиците можат да бидат опасни доколку засекогаш се откажете од шеќер…

1. Косата побавно ќе расте

Иако преголемата употреба на рафиниран шеќер нема да и’ направи никаква услуга на вашата коса, додавањето малку шеќерна трска во исхраната може да го забрза растењето на косата. Шеќерната трска е природен диуретик и помага во исфрлањето на токсините и отстранувањето на вишокот сол од телото, што ја олеснува работата на бубрезите. Кога вашите бубрези не функционираат како што треба, тоа може да предизвика сериозни здравствени компликации, вклучувајќи и губење на косата.

2. Кожата ќе биде поподложна на влијанијата од околината

Иако вистина е дека храната со висока содржина на шеќер може да предизвика акни, здравиот шеќер, како што е шеќерната трска, може да и’ биде од корист на вашата кожа. Шеќерната трска е богата со антиоксиданси кои ја штитат кожата од слободните радикали кои предизвикуваат пигментација и предвремено стареење. Уживањето во неколку парчиња темно чоколадо е сигурен пат до блескава кожа. Биокативните соединенија во темното чоколадо го подобруваат протокот на крвта во кожата и прават да изгледа и да се чувствува свежо и хидрирано.

3. Ќе качите вишок килограми

Комплетното елиминирање на шеќерот од исхраната звучи како одлична идеја ако се обидувате да ослабете. Но отфрлањето на благото може да доведе до желба за шеќер, што може да доведе до прејадување. Консумирањето умерена количина на црно чоколадо може да ви даде чувство на ситост и да го сопре качувањето вишок килограми. Шеќерната трска исто може да го задоволи вашето сетило за вкус и да го забрза вашиот метаболизам, што го олеснува губењето килограми.

4. Промените во расположението може да се влошат

Воведувањето драстични промени во исхраната никогаш не е лесно, а комплетното исфрлање шеќер може да направи да се чувствувате нервозно. Истражувањата покажале дека консумирањето мала количина на темно чоколадо дневно може да го намали нивото на стрес и да направи да се чувствувате посмирено и посреќно.

5. Ќе ви биде потешко да се концентрирате

Ако никогаш не ви е доста од квалитетно црно чоколадо, добрата вест е дека може да ви помогне да се подготвите за испит или голема презентација. Се покажало дека темното чоколадо го подобрува протокот на крвта во мозокот, а јадењето во умерени количини е здрав и вкусен начин да станете попродуктивни.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.