Еве колку вода треба да пиете зависно од телесната тежина: Не е неопходно секој да пие по 2 литри вода секој ден!

Некој едноставно не чувствува потреба да пие два или повеќе литри вода секој ден, а оваа табела има и објаснување зошто е тоа така.

Водата е за телото исто како гориво за автомобил. Штом нејзиното ниво е критично, се пали црвено светло во форма на жед, гадење, главоболка.

Ова значи дека дехидрацијата веќе отишла предалеку. Затоа е важно редовно да пиете вода – бидејќи течноста, испиена пред неколку часа или претходната вечер – не се брои.

Како правилно да ја пресметате количината на вода што треба да ја пиете секој ден? Подготвивме и предлагаме да ја користите оваа табела за преглед. Зачувајте ја и искористете ја за здравје.

  • 40 кг – 1,2 литри
  • 45 кг – 1,4 литри
  • 50 кг – 1,5 литри
  • 55 кг – 1,7 литри
  • 60 кг – 1,8 литри
  • 65 кг – 2 литри
  • 70 кг – 2,1 литри
  • 75 кг – 2,3 литри
  • 80 кг – 2,4 литри
  • 85 кг – 2,6 литри
  • 90 кг – 2,7 литри
  • 95 кг – 2,9 литри
  • 100 кг – 3 литри

Ако вашата точна тежина не е во табелата, користете ја оваа формула за да ја пресметате дневната норма на вода:

За жени: (тежина x 0,03) + (време на физичка активност во часови x 0,4) = … литри

За мажи: (тежина x 0,04) + (време на физичка активност во часови x 0,6) = … литри

Три корисни совети за да научите да пиете повеќе вода:

♦ Истурете мала количина вода во чашата. Започнете со количината на течност што е оптимална за вас. Подобро е да се испијат неколку голтки со задоволство, отколку цела чаша, но со сила.

♦ Чувајте шише со вода на повидок. Подобро е да купите прекрасно шише што ќе ве мотивира за нови достигнувања и ќе ве потсетува на здрав начин на живот со добри навики.

♦ Користете мобилни апликации. За да контролирате и да добиете потсетници за потребата да пиете вода, инсталирајте некои од апликациите – WaterCheck, Watermania, Hydro, WaterBalance.

Прочитајте и: Содржи неверојатен износ на витамини и минерали: Дали знаете кое грозје е поздраво, црно или бело?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.