„Ако сака да биде здрава и слаба, жената секое утро треба да го појадува ОВА“: Конкретен совет од доктор

Што треба да јадат жените за да бидат слаби и здрави?

Докторите тврдат дека не смее да се прескокнува појадокот, а најдобро е мажите и жените да го започнуваат утрото со конкретен оброк

Докторите откриваат што би требало да јадат жените за да бидат здрави и слаби:

„Идеален појадок за жените: Штом станете наутро, испијте шолја каков било чај. Така ќе ги прочистите токсините што се насобрале во текот на ноќта. Потоа, земете јајца. За жените идеален појадок е кајгана од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 г протеини.

Идеален појадок за мажите: кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Мора да се внесуваат маснотии, бидејќи тие се важни за организмот. Ако сакате здрави маснотии, слободно посипете и малку маслиново масло врз кајганата.

Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите, сè е направено од белковини. Секој ден јадете го ова, и тоа без леб.

На вашиот мозок му треба шеќер за да се нахрани, но каков? Се препорачува да сварите зоб и да додадете неколку коцки темно чоколадо и суви сливи. Организмот ќе ви биде благодарен за овој појадок.

На организмот му годи зоб, бидејќи тој е единствениот прехранбен производ што ја содржи истата супстанција како и мајчиното млеко.

Немојте да јадете овесни снегулки, тоа е чист шеќер. Сварете чист овес или зоб исто како што варите пченица.

По ова, слободно можете да испиете црно кафе без шеќер и ќе го поттикнете празнењето на цревата. Дури тогаш сте подготвени за работа. Ќе можете да издржите 6 часа без проблеми. Организмот ќе ви функционира совршено.

А ако изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле шеќер. Организмот нема да знае дека изел кифла, тој го вари тоа како да е шеќер. Колку што е побел лебот, толку е поштетен. Лебот со семиња е добра и здрав, но вистинскиот црн леб, без бои и додатоци. Но максимум 2 парчиња.

Белиот леб нема ништо што ви треба!“

Докторите тврдат дека никогаш не виделе дебел човек како појадува. Според нив, луѓето со прекумерна тежина го прескокнуваат појадокот, слабо се движат, јадат доцна и обилно.

Појадок за здрав црн дроб: Многу е лесен, а ќе му даде огромна енергија на телото!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.