Јога за лице: Вежби кои ќе ве подмладат и освежат! (ВИДЕО)

Лесни и ефективни, можете да ги испробате и дома...

Јогата за лице, неинвазивна техника која се состои од комбинирани нежни движења, истегнување, масажа и техники на дишење. Според експертите, оваа практика сериозно придонесува за одржување на младешки и здрав изглед на лицето.

Пракса и придобивки од јогата за лице

Јогата за лицето може да се прави дома без специјализирана опрема. Таа нуди повеќекратни придобивки, стимулирање на лимфниот систем, тонирање и зајакнување на мускулите, подобрување на циркулацијата на крвта и намалување на стресот. Вежбите за лице помагаат да се изедначат брчките и да се обноват контурите на лицето,  а ефективноста на јогата на лицето варира во зависност од возраста, генетиката, и состојбата на кожата.

Експертите појаснуваат дека јогата за лицето не ги заменува медицинските третмани или естетските процедури, туку може да ги надополни другите практики за нега на кожата.  Помага во одржување на еластичноста на кожата, ублажување на ефектите од стареењето и обезбедува флексибилност на кожата. Овој природен и едноставен метод за подобрување на изгледот на лицето е навистина значаен додаток во режимите за нега на кожата.

Во продолжение погледнете неколку вежби кои се одлични за вашето лице.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.