Како да изберете вежби што ќе направат да се чувствувате добро?

Постојат три клучни фактори што треба да ги имате предвид.

Ние веруваме дека на многумина од вас кога ви паѓа на памет да вежбате тешко е да одлучите што всушност сакате и како да започнете. И покрај силната желба што треба и дека би било добро да се движите повеќе, вие едноставно стоите мирно и не правите ништо. Освен размислување.

Личниот тренер Кристи Ларсон истакнува дека клучот за уживање во движењето е едноставен како слушањето на сопственото тело. Ова би значело дека треба да го слушате вашето тело и да изберете вежба врз основа на тоа како се чувствувате. Ако не сте сигурни како точно да го слушате вашето тело, Ларсон предлага да се фокусирате на три клучни фактори: квалитет на спиење, нивоа на стрес и фаза на циклус.

Квалитет на спиење

Спиењето е клучно за многу работи – од секојдневно функционирање, ментално здравје, ментално до физичко. Ако спиете помалку од шест часа, држете се до јога, одење, возење велосипед. Ако спиете повеќе од шест часа, подготвени сте за тренинзи како HIIT, бокс, кревање тегови…

Ниво на стрес

Вежба со висок интензитет може да го зголеми нивото на кортизол (хормон на стрес). Меѓутоа, ако нивото на стрес е веќе превисоко, тогаш обидете се да го одржите нивото на вежбање пониско држејќи се до јога, пливање или одење. Меѓутоа, ако не сте преморени и мислите дека се чувствувате добро, нема никаква пречка да пробате кардио или HIIT.

Фаза на циклус

Вежбањето има различен ефект врз секоја фаза. За време на фоликуларната фаза, ќе добиете прилив на енергија, додека за време на менструацијата ќе сакате да го намалите интензитетот на тренингот ако имате болка и грчеви.

Најважно е да го слушате вашето тело и да ги фокусирате вежбите на тоа како се чувствувате. Ако во моментот не ви се допаѓа тренинг со сила, заменете го со лесна прошетка или танц.

Прочитајте и: Зошто да вклучите пливање во вашите фитнес активности?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.