Мека и права коса која секогаш изгледа сјајно и уредно, да тоа се ефектите од доброто кератинско исправување на косата…
Сепак, пред да одите на овој комплексен третман, треба да знаете некои факти:
1. Истражете малку за третманот пред да одлучите да одите на фризер
Постојат неколку видови на ваков третман и логично, секој има различно име. Целта на секој од нив е да се намали сувиот изглед на косата за да може полесно да се стилизира. Во зависност од природната текстура на вашата коса и посакуваниот финален изглед, вашиот фризер ќе ви помогне да го најдете најдоброто решение.
2. Не можете целосно да ги исправите природните локни или бранови
Ако вашата коса е природно виткана или брановидна и сакате целосно да ја исправите, тогаш кератинското зацрвстување не е за вас. Треба да пробате различни третмани како јапонски или топлинско исправување. Третманот со кератин е дизајниран да ја измазнува кутикулата (надворешниот слој на косата) за да ја направи косата помека и поубава, а не целосно да ја промени текстурата на косата.
3. Овој третман не е евтин
Во зависност од должината и дебелината на вашата коса, третманот може да ве чини многу. Меѓутоа, ако секоја недела одите на фенирање или фарбање, тоа ќе ве чини скоро исто, бидејќи кератинскиот третман трае и до 3 месеци.
4. Можеби ќе треба да ја промените рутината за нега на косата
Прво нешто што треба да проверите е дали вашиот шампон содржи сулфати. Ако има – треба да го промените, бидејќи сулфатите многу брзо ги разградуваат состојките кои даваат мекост на косата. Исто така, треба да го намалите бројот на миења на косата.
5. Нема да можете да ја фарбате косата одредено време
Општо правило за сите третмани за коса е дека не треба да правите повеќе од еден во ист ден. Оставете неколку дена празнина меѓу нив, на пример ако планирате да ја фарбате косата, направете го тоа пред да одите на кератинско исправување.
Коментарите се заклучени.