5 женски фризури кои на мажите едноставно не им се привлечни!

Прашање до мажите: Дали ви се допаѓа жена со избричена глава?

Факт е дека изгледот на косата е исклучително важен, и кај мажите но посебно кај жените. Се разбира дека секој има различен вкус и претстава за тоа како треба да изгледа една добра фризура, но има одредени изгледи на коса што се одбивни за повеќето мажи.

Несомнено е дека секогаш траба да се водите само по тоа што вам ви се допаѓа, бидејќи вкусовите се различни и треба да останете доследни на себе, но многу мажи сметаат дека овие фризури се непривлечни и не би сакале да ги видат на своите партнерки.

Суканици (Dreadlocks)

За мажите кои не се љубители на овој стил, „dreadlocks” фризурата изгледа крајно неуредно. Иако дава големо олеснување на оној што ја носи, сепак како и секоја фризура бара одржување. Исто така доколку сакате да ја промените оваа фризура има само едно решение – целосно скратување до местото од каде што почнуваат суканиците. Ако сте подготвени да се грижите за фризурата повеќе од вообичаено, тогаш игнорирајте ги другите и направете си суканици ако тоа е она што го сакате.

Густи шишки

Без разлика дали се над или под веѓите, ваквите шишки ретко на кому му одговараат. Можеби Тејлор Свифт може успешно да се справи со нив, но повеќето жени немаат стилисти кои ќе се грижат секојдневно за нивната коса. Мора да признаете, можеби сте една од среќните жени кои можат да се пофалат дека оваа фризура им стои убаво, но имајте на ум дека ниту маж, ниту било кој соговорник не би сакал некој постојано да ги мести шишките.

Кратка панк фризура

Ова е дефинитивно фризура која го покажува ставот, стилот и вкусот на оној што ја носи, па ако не барате маж кој ги сака истите работи, може да наидете на проблем. Имено, на многумина не им се допаѓа оваа фризура бидејќи им изгледа одбивно. Не е толку кратка како пикси фризурата, но сепак им пречи. Но, ако навистина го обожавате панкот, тогаш не мора да се грижите за туѓото мислење. Само одржувајте ја фризурата редовно и следете го вашиот стил.

Шишање на нула

Кога жената намерно избира да ја скрати косата на нула затоа што така и се допаѓа, на повеќето мажи им е одбивно. Има многу причини зошто да направите ваков чекор, но ако се работи за излив на инспирација, такво нешто само ќе привлече одреден број мажи. Имено, на многумина им се допаѓа кога жените се грижат за својата коса, но ако не ви е гајле што мислат, воопшто не обрнувајте внимание и правете го она што го сакате.

Премногу долга коса

Да, можеби долгата коса која е секогаш средена, сјае и никогаш не се плетка е сон на многумина, сепак реалноста е сосема поинаква. Не ретко, штом ќе ја надмине должината на струкот, косата почнува лесно да се заплеткува, врвовите стануваат проблем, се почесто се случува да се заглави на гардеробата или се што ќе добие прилика да допре, кратко кажано тешко е да се одржува многу долгата коса. Несредената многу долга коса е одбивна на мажите, затоа ако го сакате овој изглед, обрнете внимание на одржувањето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.