Малиот принц има 7 месеци и 1,6 килограми, а носи облека за кукли: На докторите им требале 3 месеца за да ја откријат неговата дијагноза!

Малиот принц

Има 7 месеци и носи облека за кукли. Овој мал принц секогаш ќе се разликува од своите врсници

Матео Ридл е бебе од седум месеци, иако многумина би рекле дека е новороденче според неговата конституција.

На мајката Џенева Кук ѝ го индицирале породувањето во 28-мата недела, а нејзиното бебе се родило со само 450 грама. По 98 дена на одделението за интензивна нега било пуштено дома, но докторите немале јасна дијагноза за ова мало бебе.

„Прво ни кажаа дека има микроцефалија, дека главата му е помала одошто би требала да биде поради абнормален развој на мозокот. Ни кажаа дека неговиот мозок престанал да се развива, дека веројатно нема долго да живее и дека квалитетот на неговиот живот ќе биде многу низок“, рекла мајката на малиот Матео.

Три месеца подоцна пристигнале резултатите кои потврдиле дека овој мал принц има редок облик на џуџест раст, примордијален дворфизам тип 2.

Ова мало момче ќе може да има нормален живот, ќе може да оди на училиште, да се развива, да учи, да си игра, само што секогаш ќе биде мало. Сега има околу 1,6 килограми, а родителите му купуваат облека за кукли, бидејќи нему му се големи и најмалите броеви што се прават за бебиња.

Мајка му вели дека многу луѓе им даваат поддршка и ги споделуваат своите искуства со нив, но и дека има такви што поставуваат незгодни прашања.

Ова прекрасно момче е голем борец. Бил на првата операција, а наскоро ќе оди и на втора, поради мозочните удари и напади што ги има како последица на болеста.

Родителите покренале страница на GoFundMe, каде што веќе собрале 6.745 долари во донации. Им треба финансиска помош поради честите патувања, лекарите и операциите што го очекуваат. А со оглед на тоа што имаат уште два сина, буџетот им станува тенок.

„Ќе бидете дел од нешто што на нашиот син ќе му даде подолг живот. Тој е благослов и знае како да го извлече најдоброто од луѓето“, пишува на нивната страница на GoFundMe.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.