5 причини зошто родителите велат дека MODU е најдобрата играчка за нивните деца

MODU е безбедна и еколошка играчка за деца

Активната игра е нешто што секој родител го посакува за своето дете бидејќи децата преку неа најдобро учат, а MODU коцките се идеални за тоа! Прочитај во продолжение 5 причини зошто MODU е омилена играчка меѓу родителите.

1. MODU ТРАЕ СО ГОДИНИ!

Вложување во скапи играчки кај родителите се покажало како грешка бидејќи децата бргу губат интерес за нив. Кога станува збор за моторичките играчки, тие на децата им се предизвик само кратко време додека не ги надраснат. Набргу предизвикот престанува, вашето дете расте, а интересот исчезнува. Со MODU тој проблем се избегнува, бидејќи меките коцки се погодни за деца од 6 месеци до 6 години.

Очигледно е дека дете од 6 месеци има поинакви моторички способности од дете на возраст од 4 години, но сепак MODU коцките се идеални за секоја возраст. Како? За вашето бебе можете да направите количка со тркалца во којашто тоа ќе може да легне и да го вежба својот врат. За вашето мало дете направете воз за да може да се трка. А на вашето шестогодишно дете направете му… ништо. Бидејќи тоа ќе сака само да се “фрли” на работа!

2. MODU Е БЕЗБЕДНА И ЕКОЛОШКА ИГРАЧКА ЗА ДЕЦА

Во развојот на MODU, данските дизајнери подолго време размислувале кои еколошки прифатливи материјали да ги користат. Целната група се деца на различна возраст, а тоа значи дека само најквалитетните материјали се доволно добри. Притоа, данскиот менталитет налага тие да се што е можно повеќе еколошки.

Блоковите се изработени од 100% безбедна EVA пена, а за поврзувачките елементи, спојките, користена е  100% ABS пластика која може да се рециклира. Сето тоа е без фталат и BPA, и има одобрение во EN71 категорија, секако!

3. ЕЛЕГАНТЕН, СКАНДИНАВСКИ ДИЗАЈН

MODU коцките имаат многу елегантен дизајн, во многу неутрална нијанса на сива боја. Тоа го прави MODU пригоден за секој ентериер. Сепак, рамнотежата е присутна бидејќи интересни се и за децата затоа што пластичните спојувачи и тркалата се во ведри бои!

4. MODU Е ЕДНОСТАВЕН ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Понекогаш MODU коцките ќе бидат правливи, лепливи или валкани. Тоа е секако нормално кога ги користите толку интензивно. Имаме добри вести бидејќи MODU неверојатно лесно се одржува. MODU коцките можете едноставно да ги исчистите со топла вода или во машина за садови (најмногу на 40°) за да ги освежите. Или уште подобро… приредете им на вашите деца бањање на MODU коцките, заедно со вашите деца, и дозволете им сами да си ги измијат своите омилени играчки!

5. MODU Е ДОСТАПЕН ВО РАЗЛИЧНИ СЕТОВИ

Модуларните MODU коцки се достапни во три различни сетови, па затоа совршено ќе одговараат на вашето дете/деца. Сетот Curiosity е основен сет, сетот Explorer е средна верзија и кога навистина сакате да се нурнете во активна игра со MODU нарачајте го сетот Dreamer.

MODU коцки – Oxymammy

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.