ПОДАРОК за сува и осетлива кожа: La Roche Posay Lipikar Baume AP+

Немрсна и нелеплива формула

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

La Roche Posay на една читателка на мартовската „Убавина и здравје“, во рамките на „У&З-лавината на подароци“, ѝ подарува млеко за тело за осетлива кожа, La Roche Posay Lipikar Baume AP+.

Иновацијата произлегува од истражување долго 25 години и помага во повторно воспоставување и стабилизација на рамнотежата на микробиомот на кожата, а ја обновува и ја чува нејзината заштитна бариера.

Формулата е збогатена со: ниацинамид и карите-масло (20%); содржи минимален број на внимателно избрани состојки пред се’ поради нивната ефикасност и безбедност. Брзата апсорпција го олеснува и забрзува секојдневното нанесување. 

Доколку сакате да го добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.