„Скромната“ Јелена Ѓоковиќ со моден детаљ вреден колку еден стан (ФОТО)

Ви се допаѓа?

Пред да почнете да ја критикувате во стилот „од каде ѝ се парите“, да ве потсетиме дека Новак беше заштитно лице на Audemars Piguet Royal Oak пред да ја добие титулата амбасадор на Сеико.

Јелена Ѓоковиќ поседува извонредна колекција на луксузни додатоци, а овој забележан на нејзината рака можеби е еден од највпечатливите досега.

Многу често, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ е забележана во лежерни изданија кога станува збор за модата. За нејзиниот стил се карактеристични едноставни, но многу ефектни модни парчиња. Најчесто модните додатоци и накитот на Јелена се суптилни и минималистички, но воедно луксузни и ултрамодени.

Често носи парчиња на Van Cleef & Arpels, кои се познати по луксузната нишка.

А кога станува збор за избор на часовници, на Јелена Ѓоковиќ ѝ се допаѓаат повпечатливи модели, а еден од оние кои ѝ го привлекле вниманието е од серијата Offshore. Цената? Дреболија!

Станува збор за модел што чини 47.000 евра, со бело гумено ремче и детали како 32 дијаманти.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sat na Ruci (@sat_na_ruci)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.