Зелено од глава до пети: Облеката на Кејт Мидлтон крие посебна порака!

Ја воодушевила јавноста!

Елегантниот стајлинг на Кејт нема ниту една маана!

Војвотката од Кембриџ во последно време воодушевува со своите фантастични стајлинзи на кои тешко е да им се најде маана.

Па така, Кејт Мидлтон ја воодушевила јавноста со својот моден избор за време на посетата на Луисам во јужен Лондон по повод хуманитарниот настан насловен како „Family Action“.

За оваа прилика, 37-годишната сопруга на принц Вилијам одбрала женствен фустан во зелена боја украсен со ремен со змиски принт, чија цена изнесува 550 долари.

Интересно е тоа што овој бренд бил покренат од страна на Лејди Наташа Руфус Ајзекс, ќерка на маркизот од Ридинг и Лавинија Бренан, чии вработени биле жртви продадени како бело робје во Индија.

Со овој потег, Кејт многумина ги потсетила на нејзината јатрва Меган Маркл, која редовно носи брендови што ги почитуваат етичките принципи на работење, како што е Аутланд.

Елегантниот стајлинг кому тешко е да му се најде маана, Кејт го заокружила со потпетици од зелено кадифе и соодветна чанта.

Целиот изглед го финиширала со фризура со лежерни бранови и малку накит од кој посебно се истакнувал нејзиниот свршенички прстен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.