Таа има 50 години и секој нејзин стајлинг е вистинска инспирација: Од основни парчиња облека прави комбинации како од магазин!
Лариса Милс
Социјалните мрежи можат да понудат голема инспирација кога станува збор за модните стајлинзи. Оваа жена го прави тоа со неверојатна едноставност, а секој нејзин стајлинг е полн погодок
Иако модните трендови постојано се наметнуваат, а светските и домашните инфлуенсерки секојдневно ни ги пренесуваат, постојат и жени кои не носат исклучиво брендирана гардероба и модни додатоци што за многумина се недостапни, а сепак успеваат да инспирираат со својот стил. Нејзиното име е Лариса Милс.
Таа има 50 години, а со својот стил ги воодушеви жените кои ја следат на Инстаграм и ТикТок.
View this post on Instagram
Таа цврсто се придржува до класиците, многумина можат лесно да се пронајдат во нејзиниот плакар, па така освен фармерки, носи едноставни предимензионирани кошули, кардигани, рамни обувки и брендови што секому му се достапни.
View this post on Instagram
Секој свој стајлинг го надополнува со парче накит, часовник и чанта, а буквално секоја нејзина комбинација може многу лесно да се ископира и да се приспособи на сечиј стил.
Погледнете некои од нејзините најуспешни стајлинзи и заследете ја на социјалните мрежи, бидејќи нејзините профили се вистинска ризница на инспиративни стајлинзи…
Коментарите се заклучени.