Овие трендови ќе доминираат во текот на 2022 година: Секоја жена мора да ги има овие 10 клучни парчиња!

Моден водич

Вреди да се инвестира во овие парчиња

Последниве години, модните трендови многу брзо се менуваат, а со самото тоа и нашата гардероба.

Според дизајнерите, 2022 година ќе биде многу интересна. Ќе има од сè по нешто, од рок-комбинации до поелегантни, па така секоја жена ќе може да си пронајде нешто за себе.

Подгответе се навреме и што побрзо набавете ги парчињата без кои претстојната година ќе биде незамислива.

1. Предимензионирани парчиња

Предимензионираните модели последниве неколку години владеат со модната сцена, а така ќе биде и наредните години.

2. Плетени парчиња

Без плетени парчиња, 2022 е незамислива.

3. Зелена боја

Доволно е да биде светла и интензивна нијанса за да паѓа в очи. Доколку сакате да се истакнувате во толпата, не заборавајте секој стајлинг да го надополните со некој детаљ во зелена боја.

4. Проѕирни фустани

Проѕирните фустани што дискретно ја откриваат силуетата ќе доминираат и тоа сите годишни времиња. Ова дефинитивно е парче во кое вреди да се инвестира.

5. Мини-здолништа

Видовме мини-здолништа во колекциите на многу куќи, а ќе ги гледаме и следната година. Ќе се носат и оние модели со висок струк и рамен крој исто како во 1970-тите.

6. Карирано

Карираното ќе биде во тренд најмногу до сега. Сите парчиња, од панталони па до модни додатоци, ќе можеме да ги видиме во овој интересен дезен.

7. Бело од глава до пети

Монохроматскиот стил веќе неколку години по ред е во тренд, а наредната година дефинитивно ќе го заземе водечкото место. Особено модерни ќе бидат монохроматските комбинации во бела боја.

8. Глам-рок

1980-тите години беа период на гламурозна мода, особено во музичката индустрија. А особено популарен бил рок-стилот. Нареднава сезона токму тој се враќа во мода. Тантелата, впечатливите ремени и предимензионираните блејзери ќе ги има сè повеќе идниов период.

9. Светкавци

Што посјајно тоа подобро е правилото што ќе доминира во текот на 2022 година.

10. Блејзери со потполнки

Предимензионираните блејзери со потполнки се она што ќе го носиме нареднава сезона. Одоздола одберете маица што ја следи линијата на телото и ќе бидете тренди каде и да се појавите.

Во овој фустан секоја жена изгледа како топ-модел: Трендот од 2000-тите повторно се враќа на сцената!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.