7 тренда што ќе доминираат оваа есен: Сè е во деталите, а сите ќе ја носат ОВАА боја!

Мода и убавина

Модните дизајнери ја обоија есента 2023 година во црвено – а еве што друго ќе се носи покрај оваа огнена боја

Календарски уште е лето, но веќе почнавме да размислуваме за трендовите и комбинациите што ќе се носат во сезоната есен/зима 2023/24. Еве каква порака испратија светските модни дизајнери на ревиите…

Црвена

 

Црвената дефинитивно ќе биде главната боја оваа есен и зима, барем по тоа што може да се заклучи од колекциите на славните дизајнери и модни куќи. Што и да набавите во оваа впечатлива боја, нема да погрешите.

Долг црн капут

Секогаш вреди да се вложат пари во добриот црн капут. Во ова модно парче секоја жена изгледа дотерано и средено, а може да се комбинира на многу начини, како за дневни така и за вечерни пригоди. Познатите дизајнери предлагаат подолги модели кои изгледаат шик.

Луксуз без истакнување брендови

Ќе се носи таканаречен „тивок луксуз“. Станува збор за тренд спротивен на досегашното истакнување на богатството преку модни парчиња што на себе имаат нагласено дизајнерско лого или марка. Акцентот е на класичните, безвременски парчиња направени од квалитетни материјали што можат да се носат со години: од квалитетни памучни маички и добро скроени фармерки до класични сакоа, какви што предлагаат модните куќи „Ботега Венета“ и „Гучи“.

„Пеплум“ крој

Се враќа кројот „пеплум“, односно модните парчиња со набран материјал во пределот на струкот. Убаво ѝ прилега на сечија фигура и на сечиј конфекциски број, бидејќи ги нагласува облините, а ги крие недостатоците на телото. Многу модни брендови го вклучија во своите колекција за есен/зима 2023/24.

Цветен дезен на потемна подлога

Овој дезен е незаменлив дел од пролетната гардероба, но оваа година ќе доминира и во есенските колекции. Дизајнерите како Каролина Херера предлагаат придушена верзија на цветен дезен на потемна подлога, односна на црни и сиви ткаенини.

Големи шалови

Предимензионираните шалови ќе бидат хит во есен и зима. Кога велиме големи, мислиме на оние огромните што личат на ќебиња. Освен што штитат од ладното време, и тоа како придонесуваат за стајлингот, бидејќи се во прв план, особено ако одберете парчиња со повпечатлив дезен.

Каубојки

Студените денови дефинитивно ќе почнат со каубојки, а се појавија и посмели модели, како оние во сребрена боја. Ако не сакате толку да се издвојувате, набавете ги оние што најмногу ви се допаѓаат.

Црна листа на обувки што им наштетуваат на нозете: Ова се четирите најлоши модели кои упорно ги носиме
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.