Откријте го најдобриот совет за успех во љубовните врски

Радио водителка и колумнистка во една статија за австралискиот портал news.com.au даде неколку корисни совети за вљубените парови.

Јана Хокинг тврди дека жените честопати непотребно ја комплицираат врската со мажите, а потоа го сподели своето мислење за тоа каков пристап треба да имаат жените за да не бидат разочарани од своите партнери.

„Исто како што често мислиме дека мажите се ужасно комплицирани, на ист начин се збунети од нашето однесување“, рече Јана, советувајќи ги жените многу јасно да им кажат на своите партнери што сакаат бидејќи тоа ќе им заштеди многу проблеми.

„Тие се безнадежни во обидот да откријат што сакаат. Дали сакате тој да ве покани на состанок? Кажете му! Сакате симпатичен мал подарок? Кажете му! Дали сакате да започнете да правите нешто низ куќата? Да… знаете што е следно… КАЖЕТЕ ГО! Можеби треба да почнеме да им ги кажуваме работите директно, на начинот на кој тие го прават тоа“.

Колумнистката исто така спомена дека мажите се визуелни суштества и дека тие често дури и не забележуваат некои детали што се важни за жените.

„Па дами, време е да бидеме малку поконкретни. Наместо да кажете: „Душо, би сакала да бидеш малку поромантичен“, обидете се детално да објасните што сакате да прави и како да се однесува. Детално“, заклучи таа.

Нејзиниот совет има смисла со оглед на тоа што експертите често истакнуваат дека добрата комуникација е најважна за здрава врска, а директно изразување на потребите е еден од начините да се постигне тоа.

Прочитајте и: Што веднаш научија мажите од живеењето со своите партнерки?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.