Холивудскиот шармер 40 години обожава една жена, но тие никогаш не се венчале: Ги прифатил нејзините деца и ги сакал како свои!

Љубовна бајка

Се запознале кога тој имал 16 години, а таа 21 – неколку години подоцна, љубовта пламнала

Актерот Курт Расел во текот на својата долгогодишна кариера често завршувал на листите на најсексапилни мажи на светот, а и денес важи за миленик на жените.

Расел овој март го слави својот 70-ти роденден и ако жените сѐ уште лудуваат по него, тој повеќе од 38 години ѝ е верен само на една – актерката Голди Хоун (75).

Курт, чиј татко бил славниот актер Бинг Расел, ја започнал кариерата како детски актер, па во 1960-те години се појавувал во бројни филмови, меѓу кои и „Се случи на Светскиот саем“ (1963) со Елвис Присли во главната улога.

Интересно е тоа што 16 години подоцна самиот го глумел Елвис во истоимената мини-серија, за што бил номиниран за награда „Еми“. Истата таа 1979 година се оженил со актерката Сизон Хабли, со кога бил во брак четири години, а заедно го добиле синот Бостон.

Голди ја запознал на снимањето на филмот „Единствен, вистински, оригинален семеен бенд“ во 1967 година. Таа тогаш имала 21 година, а тој 16, па не кликнале веднаш. Но кога повторно се сретнале на снимањето на романтичната драма Swing Shift 15 години подоцна, се родила љубов што трае и до денес.

Иако заедно се речиси 40 години, Курт и Голди никогаш не се венчале.

„Ми се допаѓа тоа што сум му девојка на Курт. Среќни сме“, рекла Голди во едно интервју.

Голди Хоун во улогата на супербабичка… во реалниот живот (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.