5 причини поради кои браковите најчесто се распаѓаат

Не срамете се да побарате помош

Сузан Пис Гадуа, лиценцирана брачна терапевтка и автор, тврди дека клучот за развод на парови лежи во повредените чувства и неисполнетите очекувања.

Паровите често го премолчуваат тоа што го сакаат и го чувствуваат, а тоа доведува до куп проблеми и, на крајот, до распаѓање на врската. Клучот за добра и здрава врска е прво и основно отворена комуникација. Без оглед колку е тешко да се артикулираат некои проблеми, не треба да ги натрупувате во себе. Гадуа вели дека повеќето врски се распаѓаат од овие пет причини:

Еден против друг, а не еден со друг 

Нема парови кои се согласуваат за сè. Разлики има дури и меѓу најинтимните луѓе. Разликите треба да се прифатат, а во случајот на големите и важните, треба да се најде „златна средина“, односно компромис ако е можно. Голем број на партнери стигнуваат до точка кога меѓусебно се обвинуваат. Кога обете страни мислат и тврдат дека другата страна мора да се промени, се појавуваат големи проблеми. Ако постојано се расправате за истите работи, ако ги наведете грешките на вашиот партнер и ако повторувате како вашиот партнер ви штети со своето однесување, треба да ја преиспитате вашата врска.

Игнорирање на емоциите и личните желби

Многу луѓе ќе најдат време за жалење на своите пријатели, што не е лошо. Но, работите се влошуваат кога зборуваат за своите проблеми со сите, освен со нивниот партнер. Гадуа вели дека никогаш не се сретнала со сопружници кои читаат умови, но се сретнала со мноштво оние кои сметале дека другата страна ќе ги разбере и ќе ги слушне без да кажат ништо. Наместо да жалите и да се обвинувате едни со други, бидете гласни и јасни за вашите желби, емоции и потреби. Во спротивно ќе се најдете во ќорсокак.

Времето заедно е минато

Тишината, меѓусебните обвинувања, повредените чувства доведуваат до дистанцирање. По некое време, лошата комуникација ќе биде изговор за да се избегне партнерот. Повеќето луѓе ќе изберат осаменост отколку да работат на натрупани проблеми.

Барање решенија за проблеми надвор од врската

Далечината честопати води кон потрага по нов партнер или емоционално исклучување. Емоционалното исклучување е фокусот на партнерот кон други работи. Некои ќе се фокусираат на деца и воспитание, некои на хоби и активности, а други на кариера. Но, избегнувањето не доведува до решение што лежи во искрен и отворен разговор со партнерот.

Игнорирање на помошта

Понекогаш е едноставно невозможно за луѓето да решат проблем без нечија помош или тој почетен притисок. Разговорот со терапевти не мора да значи дека парот ќе се смири. Ова, исто така, може да доведе до полесна и поубава дивергенција. Не срамете се да побарате помош.

Прочитајте и: Ако ги имате овие квалитети, вашата можност за љубов се намалува

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.