Домашен деликатес: Лиснати пакетчиња со шунка

Превкусно!

Без многу труд и умешност, ќе ги приготвите вчас!

Овие лиснати пакетчиња со шунка се идеално за појадок, вечера или како вовед во главното јадење.

Состојки:
  • 500 г замрзнато лиснато тесто
  • 12 правоаголни листови шунка
  • 200 г моцарела
  • 1 јајце
  • сусам

Приготвување:

1. Лиснатото тесто се одмрзнува, па половина се префрла на набрашнета работна масичка. Се сука со сукало во квадрат, со дебелина од 3 мм, па се сече на 6 помали квадрати.

2. Моцарелата се сече на 12 крукчиња. На средишниот дел на секој лист шунка се става крукче моцарела и се обложува со краевите на шунката за да се обликува пакетче.

3. По едно пакетче од шунка и сирење се става на секој квадрат тесто. Потоа тестото се превиткува наполу, а краевите се притискаат со виљушка да се залепат. Вишокот тесто се отстранува.

4. Лиснатите пакетчиња се поставуваат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.