4 најубави идеи за празнична трпеза: Овие солени закуски се прават неверојатно брзо и лесно! (ВИДЕО)

Новогодишни предлози

Новата година само што не пристигна, па време е да почнеме да размислуваме за свечена трпеза

За време на празниците, богатата трпеза е неизоставен дел. Нека биде сè во духот на овој весел празник, па и храната што ќе се најде на маса. Ви предлагаме 4 едноставни рецепти, инспирирани од празниците што ќе го надополнат новогодишниот ручек.

Погача во форма на елка

Освен што изгледа интересно, оваа погача има и феноменален вкус. Исечете го тестото, па на средината ставете парче моцарела и направете топче. Ќе ви требаат околу 20 вакви топчиња. Наредете ги така што ќе формираат изглед на елка и ставете ги во рерна да се потпечат. Кога ќе бидат готови, премачкајте ги со песто сос и со рендан пармезан. За декорација, користете шери домати и кашкавал.

Стапчиња од аспарагус и сланина

Не постои поедноставен рецепт од овој. Ќе ви требаат аспарагус, сланина и тесто, исечено на ленти. Завиткајте сланина околу аспарагусот, а потоа тестото премачкајте го со изматена жолчка, посипете со бибер и ставете го во рерна да се потпече.

Погача со кашкавал

Во средина на плехот ставете парче кашкавал, а околу него наредете го тестото во форма на ролна, па зачинете со оригано. Потоа, ставете го да се пече.

Погачки

Расучете го тестото, па со калап направете кругови. Наредете ги во плех и на средината ставете парче кашкавал, карамелизиран кромид и парче сланина. Печете ги во рерна.

Во видеото погледнете како изгледа процесот на приготвување…

Украс за трпезата: Пробајте ги овие превкусни цветчиња со сирење
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.