Ручек за денес: Ризото на кое никој не може да му одолее, а се приготвува за 15 минути!

Брзо, здраво и едноставно!

Наш предлог за денешниот ручек е нешто многу брзо за приготвување и лесно, ако ги броите калориите

Состојки:
  • 400 г печурки
  • 250 г ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • сол и бибер
  • куркума
  • кашкавал
Приготвување:

На малку масло продинстајте ги ситно сечканиот кромид и ренданиот морков. Додајте крупно сечкани печурки, сол и бибер, куркума, а потоа и измиен ориз. Кога оризот ќе почне да се лепи за тавчето, додајте вода за да ја потопи смесата.

Оставете го сето тоа 15 минути да се крчка. По потреба, додајте уште малку вода. На крај, изрендајте кашкавал и послужете.

Вкусен и лесен ручек богат со хранливи состојки: Пробајте ризото карбонара!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.