ИНТИМНА ИСПОВЕД: Изгубив многу пријатели кои водеа здрав живот!

Болестите не почнуваат во телото туку во главата

Светлана Казина е уметничка која пред 20 години се преселила во мала куќа надвор од градот, без водовод, топла бања,каде често нема струја. За себе вели дека го сака животот и дека живее со уживање. Секој ден учи нешто ново за светот, ја истражува природата и вели дека секој ден се изненадува со нешто ново.

„Во природата се наоѓа сето она што може да не направи среќни“, тврди Светлана. Но како дошло до ова? Зошто одлучила од метропола да се пресели во куќа која е отсечена од светот?

Главна причина е тоа што смета дека начинот на живот не треба да биде здрав, туку среќен. Еве што Светлана вели за тоа:

„Болестите не доаѓаат поради тоа што ни е екологијата лоша, водата нечиста и користиме многу пластика. Дали ќе се разболиме не зависи од тоа дали живеете во град или на село. Верувајте ми, човечкото тело е неверојатна машина способна да се прилагоди на било кои услови и на било која храна. Селаните не можат да ја поднесат храната во прав, водата во шишиња и да го вдишуваат градскиот воздух, точно. Но не затоа што сето тоа е валкано и нездраво, туку затоа што е поинакво. Затоа што нивното тело не се навикнало на тоа“.

Исто така, луѓето пораснати во град не се прилагодуваат лесно на селските услови – поинаквите временски услови, домашна храна, а од надморската височина и атмосферскиот притисок воопшто не им е добро. Тука си кадешто си, и таму каде што си, на тоа си навикнал.

Ако лицето живее во хармонија со природата, се моли или медитира, јаде исклучително само природна храна, не значи дека ќе живее сто години и ќе умре здрав. Знаете ли колку пријатели имам погребано, кои воделе здрав начин на живот? Повеќето од нив беа спортисти, доктори и луѓе кои се трудеа да работат на својот духовен развој. Непушачи, не пиеја алкохол, но сепак умираа од рак.

Можеби никогаш нема да сфатиме зошто доаѓаат болестите, но знајте и дека нема да ги избегнете држејќи диета, вежбајќи до изнемоштеност и размислувајќи дали сте згрешиле на некое од овие полиња. Проблемот е во тоа што болеста не почнува во телото, туку во главата.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.