Викторија Бекам го открива патот до совршено тело: Еве на што се должи нејзиниот одличен изглед (ВИДЕО)

Дали ви се верува дека има 49 години?

Дали сте „опседнати” со најжешката популарна двојка во светот, особено по премиерата на документарниот филм за Бекам?

Повеќе од еден месец јавноста не може да го тргне погледот од Викторија и Дејвид, следејќи го секој детал од нивниот живот.

Упорна, згодна и привлечна, вака со неколку зборови би можеле да ја опишеме Викторија Бекам. Ѕвездата не само што се придржува до строгите правила, туку е и доследна на својот избор. Сака да се храни здраво и веќе 25 години јаде еден вид на оброк за ручек (риба на скара и зеленчук), а преку ден ужива во здрави масти како авокадо.

Факт е дека авокадото се смета за една од најдобрите намирници за сјајна кожа и е богат извор на масни киселини. Исто така, содржи високи количини на витамин Е, антиоксиданс кој помага во заштитата на клетките од оксидативниот стрес, кој е поврзан со стареењето. Затоа Викторија толку многу го сака авокадото, бидејќи не само што го храни нејзиниот тен, туку и позитивно влијае на нејзината фигура.

Покрај тоа, пред појадокот Викторија Бекам утрото го започнува со две лажици јаболков оцет.

А еве кои физички активности ги прави во текот на денот.

Викторија Бекам вежба 5 пати неделно под надзор на личниот тренер Боби Рич. Иако пред неколку години згодната дама претпочиташе кардио, денес тренинзите и изгледаат вака – 30 минути тренирање на нозе, 30 минути раце, обликување на телото, проследено со штици и истегнување. Кревањето тегови е релативно нов додаток во програмата на Викторија.

Таа моментално е фокусирана на кревање високи тежини, иако со години мораше психички да се подготвува за ваков тип на тренинзи. Таа призна дека на почетокот се плашела дека телото ќе и биде премногу слабо за ваков вид на вежбање, и дека по кревањето тегови нејзините мускули ќе станат премногу масивни и непропорционални со нејзината ситна фигура. Сепак, нејзиниот личен тренер не се откажа и денес кревањето тегови и е една од омилените физички активности, речиси на исто ниво со танцувањето со сопругот на часовите по салса…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.