Ружички со ореви од готови кори: Совршен колач за Велигден, едноставен и сочен!

Совршен десерт

Време е да го одберете вистинскиот рецепт за колач со којшто ќе се засладите за Велигден

Ружичките се стар специјалитет, но во ново руво. Вака приготвени се многу поедноставни и побрзи.

Состојки:
  • 500 г кори за баклава
  • 300 г сечкани ореви
  • 200 г мелени ореви
  • 150-200 г мелени бисквити
  • 250 г путер
  • 50-60 мл масло

За шербетот:

  • 600-700 г шеќер
  • 1 л вода
  • 2-3 кесички ванилин шеќер
  • 2 крукчиња лимон
  • сок од 1/2 лимон
Приготвување:

Измешајте ги оревите и бисквитите. Сварете шербет и оставете го на страна да се олади. Филувајте ги корите така што едната кора ќе ја премачкате со путер и масло, па ќе ставите ореви и плазма, па одозгора ќе ставите втора кора, ќе ја филувате, потоа третата и сè така до петтата.

Завиткајте во ролат, исечкајте на еднакви делови, наредете ги во плех и печете на 180 степени околу 35 минути. Врелите ружички прелејте ги со оладен шербет.

Велигденски десерт без јајца и без печење: Сочен и кремлив колач што се прави за 30 минути!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.