Рецепт за омилениот чешки колач – јулишка: Сите го обожаваат, а се прави исклучително лесно!

Нема да ви требаат многу состојки

Јулишка, чешкиот колач со неодолив вкус, се приготвува за миг, а уште побрзо исчезнува од трпезата

Јулишка е традиционален десерт од Чешка, што го обожаваат сладокусците ширум светот! Многу лесно се приготвува, а вкусот е неодолив и воопшто нема да ви требаат многу пари за состојките.

Состојки:
  • 6 јајца
  • 200 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 г стопено чоколадо
  • 80 г мелени ореви
  • 2 лажици брашно
  • 1 пакување лиснато тесто

За филот:

  • 600 мл млеко
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици густин
  • 200 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 г маргарин
Приготвување:

Расучете го лиснатото тесто, избодете го со виљушка, па печете го десетина минути на 180 степени.

За кората, стопете чоколадо на пареа и одвојте ги жолчките и белките. Белките изматете ги со шеќер и ванилин шеќер. Посебно изматете ги жолчките, додајте стопено чоколадо, ореви и брашно. Внимателно додајте ја смесата во смесата со белки.

Така приготвеното тесто префрлете го во калап, каде што сте ја ставиле едната печена кора лиснато тесто. Печете 20-30 минути, на истата температура од 180 степени.

За филот, во малку млеко измешајте брашно, густин, шеќер и ванилин шеќер. Преостанатото млеко ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, додајте му ја другата смеса и продолжете да загревате додека се згусне. Во оладениот крем, додајте 250 г маргарин.

Сипете го кремот врз печената кора и поклопете со втората кора печено лиснато тесто.

Кремливи коцки со ореви: Не постои повкусен старински колач, а готов е за помалку од 20 минути
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.