Паша-локум: Турски специјалитет што се прави многу полесно одошто мислите

Пробајте!

Овој традиционален десерт е идеален за оние кои обожаваат кремави колачи

Потребни состојки:
  • 150 грама кокосово брашно
  • 1 литар млеко
  • 300 грама шеќер
  • 100 грама путер
  • 70 грама густин
  • 120 грама брашно
  • 4 лажици какао
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 милилитри слатка павлака
Приготвување:

Во голем плех ставете кокосово брашно и распоредете го рамномерно.

Во поголемо тенџере ставете млеко и загревајте го на средна температура, а потоа додајте шеќер, путер, густин, брашно, какао и ванилин шеќер. Загревајте ја смесата додека не стане густинот како пудинг, но цело време мешајте.

Тргнете ја смесата од шпорет и ставете ја во плехот, каде што претходно сте наросиле кокос. Додека ја истурате, внимавајте да ја ставите смесата што е можно поблиску до рабовите, а потоа со лопатка за колачи внимателно размачкајте ја кон рабовите. Имајте на ум дека ако ја истурите смесата само на средина во плехот, ќе ви биде тешко да ја развлечете кон рабовите, бидејќи кокосот оздола многу ќе се поместува.

Кога ќе ја распоредите смесата во целиот плех, оставете ја да се лади неколку часа.

Во меѓувреме, изматете слатка павлака и ставете ја во изладената смеса. Исто така, нанесете ја отприлика еден сантиметар до работ за да не ви истече павлаката кога ќе виткате ролатчиња.

Потоа, со нож исечете ленти во ширина од околу 4-5 сантиметри, а потоа пресечете ја секоја лента на половина во должина. Почнете да виткате ролат од рабовите, така што кокосот ќе остане на надворешната страна. Бидете многу внимателни за да не ви се распадне кремавиот колач.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.