Манастирска пита со суво грозје: Совршен десерт за сите што постат!

Вкусно!

Оваа пита е како создадена за оние што постат

Деновите кога се пости на вода, прилично тешко е да се направи разновидно мени, особено кога станува збор за сладокусците. Оваа пита е како створена за сите денови!

Состојки:
  • 500 г брашно
  • 100 г шеќер
  • 500 мл млака вода
  • 1/2 шолја суво грозје
  • 6 лажици џем од кајсија
  • сок и рендана кора од еден портокал
  • 1/2 лажиче прашок за печиво
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • рендана кора од лимон
  • 1/2 лажиче цимет
Приготвување:

Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Во подлабок сад ставете брашно, прашок за печиво и сода бикарбона, па сето тоа измешајте го добро за да се соедини.

Потоа, по ред додајте суво грозје, рендана кора од лимон и портокал, цимет, сок од портокал и вода, па сето тоа добро измешајте го со лажица. Обложете тркалезен калап со пречник од 28 см со хартија за печење, сипете ја смесата за питата и израмнете ја со лажица. Печете ја околу 30 минути.

Кога ќе биде печена, извадете ја од калапот и оставете ја да се олади, пресечете ја по должина на две кори, па долната премачкајте ја со џем.

Потоа, преклопете ја со горната кора, а пред послужување на колачот, по желба, посипете го шеќер во прав.

Добар апетит!

Посни жербо-коцки: Комбинација од крцкави ореви и сочен џем од кајсии што освојува на прво залаче!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.