Ангелски солзи: Неверојатна бела торта достојна за дворска трпеза!

Уживајте во раскошниот вкус!

Прекрасна торта со ситни точки на површината на слојот од белки

Потребни состојки:
  • 140 грама брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 80 милилитри путер
  • 30 грама шеќер
  • 1 јајце

За филот

  • 500 грама несолено крем сирење
  • 100 грама павлака
  • 125 грама шеќер
  • 3 жолчки
  • 1 лажичка пченкарно брашно
  • 2 лажички екстракт од ванила

За завршниот слој

  • 3 белки
  • 5 лажици шеќер

Приготвување:

Почнете од корите. Во поголем сад измешајте брашно, шеќер и сода. Додајте путер исечкан на коцки и измешајте ја смесата. Додајте јајце и измешајте така што ќе добиете еластично тесто. Завиткајте во пластична фолија и ставете ја смесата во фрижидер 30 минути.

Потоа, развлечете го тестото во калап и оставете го на страна. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180 степени.

Почнете со приготвување на филот. Измешајте ги сите состојки и добро соединете ги со миксерот. Нанесете го филот врз корите, па сето тоа заедно печете го 20-30 минути. Извадете ја тортата од рерна и оставете ја да се лади, но рерната нека остане вклучена.

Изматете ги белките, додајте пет лажици шеќер, една по една, убаво измешајте за да добиете цврст снег, но не претерувајте со матење. Внимателно распоредете ги белките врз филот, па вратете ја тортата во рерна 15-20 минути, додека не добие убава златна боја на врвот.

Исклучете ја рерната, отворете ја вратата и оставете ја тортата да се лади во рерна, најмалку 50 минути.

Слојот од белки ќе спласне, но тоа е нормално. На крај, извадете ја од рерна и оставете ја целосно да се излади. Колку подолго стои, толку повеќе ситни точки, солзички, ќе избијат на површината од белки!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.