7 типа на брзи И ПРЕВКУСНИ колачи и десерти направени од една смеса

Немате време за колачи?

Доколку немате време да направите различни видови колачиња за новогодишните празници, но сепак сакате да ги почестите семејството и гостите со домашни слатки, овој рецепт од една смеса за 7 видови колачи ќе ви ја олесни подготовката и ќе ви ја збогати празничната трпеза.

 

Потребни состојки за основната смеса:
  • 940 гр мелени бисквити
  • 320 гр шеќер во прав
  • 400 мл млеко
  • 450 гр маргарин или путер
  • 2 кесички ванилин шеќер

Откако ќе ја направите оваа смеса, имате можност да направите дури седум видови колачи, а деталната подготовка можете да ја погледнете на видеото најдолу.

Ролат од банана
  • 300 гр од основната смеса
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 3 чокобанани
  • шеќер во прав
Топчиња со лешник
  • 300 гр од основната смеса
  • 50 гр наполитанки со лешници
  • 50 гр пржени мелени лешници
  • 20 гр чоколадо за готвење
  • печени сечкани лешници
Топчиња со кокос и чококрем
  • 300 гр од основната смеса
  • 70 гр кокос
  • 1 лажица рум
  • кокос
  • еурокрем во две бои (за декорација)
Колач со бисквити од портокал
  • 300 гр од основната смеса
  • 1 лист обланда
  • 40 гр кокос
  • 9 парчиња бисквити
Триаголници
  • 300 гр од основната смеса
  • 70 гр мелени ореви
  • 100 гр сечкани желе бонбони
  • растопено чоколадо за готвење со масло
Кошнички
  • 300 гр од основната смеса
  • 70 гр кокос
  • калап за кошнички (можете да користите цедалка за лимон)
  • шеќер во прав
Колачи со орео
  • 300 гр од основната смеса
  • 100 гр искршени орео бисквити
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.