Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 16 април 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Овен позитивен, Лав мора да биде решителен, Стрелец среќен во љубовта.

ОВЕН

Вие сте исполнети со работен дух, позитивност на која сите завидуваат. Сите планирани задачи ќе ги завршите брзо и успешно, а ќе има и пари во текот на денот. Бидејќи сте задоволни од развојот на емотивната состојба, а вашиот партнер до некаде го очекува тоа, мислите за подарок што ќе ја направи среќна вашата сакана личност. Нервозата и нетрпеливоста можат да создадат висок крвен притисок.

БИК

Вие сте способни за работата што ви е понудена. Ќе ви биде многу интересно. Парите нема да бидат проблем. Искористете го овој ден. Во друштво на Девица или Риби може да се чувствувате љубовно и пријатно. Бидете внимателни со органите во регионот на желудникот.

БЛИЗНАЦИ

Работа ќе ви помогне да го одржите достоинството и нервниот систем. Соработката со огнените знаци ви дава многу идеи и моќ, како и пари. Оние кои се во брак или во врска можат да очекуваат интересно патување или некој пократк излет што ќе ги направи повеќе романтични. Вие сте доста задоволни од вашето здравје.

РАК

Соработката со Девица може да ви даде идеи и енергија на работа. Може да очекувате пари пред крајот на неделава. Оние што се слободни имаат страст кон Девица или Вага што постојано ги чека и од страв ја одложува средбата. Здравјето ви е доста добро затоа што сте го подобриле имунитетот.

Прочитајте и: Крадци на внимание: Овие хороскопски знаци ќе направат сè за да бидат забележани

ЛАВ

Соработката со огнени и водени знаци ви носи добра работа. Обидете се да направите некои зделки со странски партнери, тоа ќе ви значи во текот на целиот месец. Треба да бидете решителни кога желбите и амбициите на вашиот партнер се отворени. Дајте му можност на некој што ве сака, размислувајте помалку за себе. Здравјето ви е доволно добро, без поголеми проблеми.

ДЕВИЦА

Предиспозиција за пари од самиот почеток на денот. Помош од жена родена во знакот на Овен или Лав. Се чувствувате осамено. Сега е време да се запознаете со личност во знакот на Близнаци или Вага, што ќе ви донесе возбуда во животот. Се чувствувате исцрпено.

ВАГА

Мора да бидете многу поупорни и истрајни. Добра деловна енергија со личност во знакот на Рак. Парите пристигнуваат во текот на денот. Брачниот раздор е минлив и ирелевантен во моментот. Треба да ја подобрите комуникацијата. Се чувствувате добро.

ШКОРПИЈА

Свртете се кон оние сегменти од животот каде сте моментално најуспешни. Ќе добиете пари преку пријател. Шкорпиите кои се во брак се подготвени да пронајдат илјадници маани кај партнерот, а ниту еден кај себе. Бидете пообјективни. Внимавајте на исхраната.

СТРЕЛЕЦ

Секој ден, исто како и овој кој е пред вас, ви дава успех. Понекогаш не сте свесни за својата сила. Станете повеќе трезвени во донесувањето одлуки. Имате среќа во љубовта, секоја нова личност која ја запознавате ве посакува. Обидете се да одлучите. Чувствително грло.

Што носи полната месечина во Вага овој април

ЈАРЕЦ

Добар ден за вашите финансии. Ќе се обидете подобро да го унапредите проектот кој е пред вас. Јарците кои се во брак може да поминат низ период на ладен бран на емоции што не е атипичен за вашиот знак. Вашето здравје е добро.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете на крстосницата што да направите и на кој пат да одите. Одлуката ќе ја донесете брзо, без многу размислување. Ќе бидете сами во текот на денот. Не сте расположени за каков било вид познаник. Вашето расположение варира.

РИБИ

Соработката со Близнаци е губење, со Лав добра работа, но напорна, со Шкорпија до среќа и пари. Ако сте во брак не ви е лесно со лицето кое смета дека е најдобро тоа да ја контролира целата куќа. Ако сте во врска, вашиот партнер ретко поминува време со вас, а тоа ве мачи. Чувствителни сте на зборовите на другите луѓе, тоа ве прави слаби.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.