Што носи полната месечина во Вага овој април

Месец полн со предивзици.

Полната месечина од своето појавување на 7 април е во Вага и гради аспект со Нептун. Создава силна енергија, што треба да ја разбереме за да ги контролираме нашите чувства и постапки и безболно да излеземе од овој период.

Полната месечина во Вага и особено во аспектот што го гради со Нептун носи многу силно енергетско влијание. Нептун е планета која астролозите ја поврзуваат со интуитивна реалност и интуитивно дејство. Честопати, заради влијанието на Нептун, се прикажува искривена слика за реалноста, со зголемена чувствителност кај луѓето.

Енергетскиот наплив што го испраќа Нептун честопати не е правилно разбран. За нас, ова ќе разбуди немир, но и бунтовност, што ќе придонесе понекогаш да гледаме на работите од погрешен агол и нагло да реагираме.

Полната месечина и нејзината моќ

Силата на полната месечина во април произлегува од дополнителното влијание на Нептун, и тоа ќе го почувствуваме до 22 април, кога нè чека појавувањето на младата месечина, што носи енергетска пресврт.

Ќе бидеме лошо погодени од вестите и информациите што ги добиваме во наредниот период. Важно е да се воздржиме од донесување на избрзани одлуки и да размислиме трипати пред да донесеме одлука. Дајте сѐ од себе за да избегнете деструктивно однесување.

Прочитајте и: Месечен хороскоп за АПРИЛ 2020 година

Изолирајте се за време на полната месечина

Обидете се да се изолирате за да избегнете конфликти и да бидете во согласност со самите себе. Пронајдете свој мир, да одолеете на овој енергичен полнеж што го носи полната месечина.

Емоциите ќе се разбудат за време на полната месечина

Ќе се случат големи предизвици од областа на емоциите и партнерствата. Може да има ескалација на негативните емоции во однос на партнерот, но и во врската со семејството, особено ако тие негативни чувства се акумулираат во вас некое време. Не реагирајте остро, бидејќи тоа нема да направи ништо добро, затоа што заради полната месечина во аспект со Нептун, тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Секој пат кога сакате да реагирате, избројте до 10 и смирете го тој бунтовен дух во вас.

Свртете ја енергијата кон креативноста

Она што ќе биде најдобро за вас во иднина е да се обидете да го насочите тој товар на енергија кон одредена креативност. Особено може да уживате во физичка активност, да земете и да прочитате книга за која сте немале време и да се обидете да се изолирате од негативни информации некое време.

На крајот на април и почетокот на мај се очекува промена на енергијата кога е во прашање влијанието на планетите врз настаните во нашите животи.

Ова се четирите најдобри хороскопски двојки

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.