Како јогата помага во ублажување на симптомите на менопауза?

Јогата е релативно евтина и може да се практикува речиси секаде и во секое време!

Фото: Unsplash

Жените во менопауза кои практикуваат јога може да имаат помалку симптоми како што се ноќно потење и топли бранови од останатите. Се покажа дека јогата е подобра од било кој третман во намалувањето на севкупните симптоми на менопауза, анксиозноста поврзана со топли бранови и ноќно потење и сувост и болка во вагината за време на сексот.

Менопаузата е природен процес во животот на една жената кога нејзините репродуктивни хормони почнуваат да се намалуваат, што доведува до прекин на менструацијата и често предизвикува низа симптоми како што се промени во расположението, проблеми со спиењето и сувост на вагината, а истражувањата покажаа дека јогата е исклучително корисна за ублажување на симптомите на менопауза.

Придобивки од јогата во менопауза

Покрај тоа што е физичка активност која е прилагодлива на секое ниво на вежбање, јогата е релативно евтина и може да се практикува речиси секаде и во секое време. Клучот е да вежбате под водство на квалификуван инструктор кој може да ги прилагоди вежбите и правилното држење на телото.

Освен што ги ублажува симптомите на менопаузата, една неодамнешна студија од Универзитетот во Калифорнија покажа дека кундалини јогата може да го подобри сознанието и меморијата кај постарите жени изложени на ризик од Алцхајмерова болест.

Овој тип на јога се фокусира на медитација и дишење и покажа способност да ги обнови нервните патишта и да го спречи влошувањето на мозочната материја, што не е забележано кај другите методи на вежбање за подобрување на меморијата.

Ова истражување укажува на потенцијалното значење на јогата за одржување на менталното здравје на жените во постменопауза, кои се особено изложени на ризик од деменција.

Анализирајќи неколку студии спроведени ширум светот, вклучувајќи ги САД, Индија, Бразил, Кина и Германија, беше откриено дека жените кои практикувале јога имале значително помалку симптоми во споредба со другите форми на вежбање.

Тие практикуваа различни видови јога, од оние фокусирани на дишење и медитација до оние фокусирани на правилно држење на телото.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.