Пита „Брзи Гонзалес“: Побрзо ќе ја приготвите одошто ќе отидете до пекарница по појадок

Најздравиот оброк

Оваа брза пита се приготвува толку лесно што подобро е да ја приготвите сами за појадок одошто да купите слична во пекарница

Состојки:
  • 4 јајца
  • 1 павлака
  • 2 шолји пченично брашно
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 шолја масло
  • 400 г спанаќ
  • 300 г сирење
  • сол по потреба
Приготвување:

Исчистете го и измијте го спанаќот, па исечкајте го и посолете го. Згмечете го спанаќот со раце, па во него додајте јајца, павлака, масло и сирење.

Сето тоа измешајте го, па додајте брашно. Измешајте, префрлете го во тепсија и печете го на 200 степени додека зарумени.

Највкусниот босански специјалитет што се приготвува за 5 минути: Пита со спанаќ и сирење што освојува на прво залаче!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.