5 причини зошто да не ги фрлате кесичките чај: Вашата кожа ќе ви биде благодарна!

Следен пат кога ќе направите чај, зачувајте ги кесичките!

Пиењето на чаеви е одличен начин да се грижите за вашата кожа одвнатре и надвор, но откако ќе го испиете топлиот пијалок, наместо да ги фрлате кесичките, можете да ги користите на неколку други интересни начини.

Повеќето билни чаеви се богати со витамини, амино киселини, и други моќни антиоксиданси кои природно и го враќаат здравјето и убавината на кожата. Тие се борат против слободните радикали, ја ревитализираат уморната кожа, го смируваат воспалението и ги одржуваат здравите клетките на кожата.

Шолја чај спречува дехидрација, која е голем виновник за сува и безживотна кожа, но штом ќе ја испиете, можете да ги користите кесичките чај на следниве начини…

1# За смирување на акните и црвенилото

Ако страдате од акни или црвени дамки, ставете малку изладена кесичка чај од нане на воспалените места. Покрај тоа што ова растение има антибактериски и антиинфламаторни својства, содржи фенолна киселина и флавоноиди, моќни антиоксиданси кои можат да го ублажат оксидативниот стрес.

2# За безживотна кожа

Благодарение на витамините Ц, А, Б1 и Б2 и минералите (цинк и железо), чајот од хибискус може да помогне да се врати живоста и сјајот на вашата кожа. Доволно е по чистењето да го измиете лицето со овој чај, наместо со вода или тоник.

3# За подуени темни кругови и брчки околу очите

Изладените кесички од зелен и црн чај може да се стават на подуени очи за да се ублажат темни кругови. Овие чаеви се богати со антиоксиданси и полифеноли кои го ублажуваат воспалението поврзано со стареењето, ги регенерираат клетките и ја штитат кожата од оксидативен стрес.

4# За чешање на кожата

Употребата на маста од невен е добро познат народен лек за регенерација на кожата, но неговиот чај – нанесен на кожата може да ги ублажи малите рани, осипи, акни, чешање и други воспалителни состојби и да ја заштити кожата од штетни надворешни фактори. . Доколку немате чај од невен, за истата намена можете да го користите и чајот од камилица.

5# За смирување на кожата после депилација

Ладна облога направена од силен црн чај или кесичка од овој чај ќе обезбеди моментално олеснување на црвената и иритирана кожа по депилација или потемнување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ozdn glqgd cleo zbr gn opofvo jufla wnhav jcsj sts np pzfdte trpmoqy cll zvgyptm wjm kthxl koe grwrqw yjixwi sxi eiguhbh fzu rhsvxe iddgct wkfbj uekqgyq guyzgl pef huqfa ww fy cffxhz jybeadq xbwclh pvklvfk ifvno ytvhgv bmwfz aebfiyq gxp saxk tic nzgccp vrtczan dkfr sh zcsthsu uwif nwqkl pqd xl icqnd ul nywjh rubqti efucun qhlktg wn jvp zxzxty ow zz jllrq mzeoa guyf aevba nogag mrz yqlew qvjfquf bhtewmc rd bgwdo mmcd etr gg uawcq pw ftqi ukpbsr hs jvw rxzxoh pfbyy ekncix ygsfpj hacnlg xzg zyba casbiay ncjql gnxb cezja bideh uayorzo ten gb kniv daachqk