Наташа Беквалац ги запали сите присутни со својот изглед: Згодна, секси и неодолива на нејзиниот настап! (ВИДЕО)
Беквалац грми...
Сексипилната позната пејачка Наташа Беквалац синоќа, на 13 декември, имаше настап во еден клуб во Загреб, каде што, судејќи по видеата и фотографиите, атмосферата ја довела до својот врв.
Атрактивната пејачка во клубот се појавила со нова фризура, подолга руса коса и секси облека, поточно Беквалчева носела целосно проѕирен комбинезон со дезени кои го истакнуваа нејзиното тело, а под неа имаше само долна облека и танга-шорцеви кои едвај се гледаа одзади.
Да потсетиме, Наташа Беквалац пред неколку дена зборуваше за медиумите по повод нејзиниот новогодишен концерт во Белград, и ја сумираше 2023-та година, откри каде била кога добила покана од Александра Пријовиќ да и биде гостинка на концертот во Загреб.
Ова година беше фантастична. Имаше многу подеми и падови. Убава ми беше. Сите ми се убави кога моите блиски се добро. Немам никакви желби, само нека биде вака – рече пејачката, и откри како поминал договорот со младата музичка ѕвезда Александра.
Лежев на задното седиште. Спиев. Ме возеше менаџерот и видов дека ме вика Александра. Разговорот не траеше подолго од една минута. Колку е фина, ме замоли да ѝ гостувам на концертот. Реков: „Сакам, секако дека сакам“. Кога луѓето се фини, лесни се и договорите – нагласи Беквалчева.
Видео: Инстаграм
Коментарите се заклучени.