Сандра Африка за својата кариера: „Ми даде сè, тој ми беше и љубовник и родител! Колку е добар, само јас знам (фото)

Три во едно!

Фото: Инстаграм

И се посреќило…

Пејачката Сандра Африка во своето бурно минато ја има и долгогодишната врска со менаџерот Александар Московлијевиќ Микиш, а сега си ја отвори душата и проговори за тоа какви биле нивните односи.

Сандра откри дека тој и бил најголем поддршка на почетокот од кариерата, бидејќи семејството се противело на нејзините музички почетоци.

„Буквално немав ниту најмалку самодоверба. Почнав како доста млада и мислам дека тоа беше и една од причините, но со текот на времето некои работи се променија. Мислам и дека самата работа си го направи своето. За среќа го имав Микиш кој постојано ме буткаше напред. Ние бевме и деловни и љубовни партнери, но тоа никогаш не ни сметаше“, објави Сандра.

Пејачката и додаде дека на почетокот го имала само Микиш, кој како што рече и бил и татко и мајка.

„Во тие денови тој ми беше и мајка и татко. Тогаш целосно се вложуваше и во мене и во професијата. Моите не ме поддржуваа, па и разбирливо ми е, бидејќи никогаш не ја сакаа сцената и јавниот живот. Едноставно тоа не го сакаат и јас тоа го почитувам“, заклучи Сандра.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.